КАФЕ ПАУЗА

Започнува осмиот француски филмски фестивал

На 17-ти јуни, среда со филмот „„Борци“ (2014) на режисерот Тома Каје, во кино „Милениум“, во ГТЦ  ќе се отвори осмиот по ред француски филмски фестивал.rnrn1-zapochnuva-osmiot-francuski-filmski-festival-kafepauza.mkrnrnОвој фестивал се одржува во организација на Францускиот институт во Скопје, а со поддршка на Министерството за култура на Македонија, Регионот на Долна Нормандија, Охридска банка-Сосиете Женерал, Публицис, оркестарот F.A.M.E.S, Младинскиот културен центар, Кинотеката на Македонија, Националната агенција за филм, Публицис, Градот Охрид, Центарот за култура во Охрид и Пежо.rnrn2-zapochnuva-osmiot-francuski-filmski-festival-kafepauza.mk 3-zapochnuva-osmiot-francuski-filmski-festival-kafepauza.mkrnrnФестивалот ќе трае до 17-ти до 20-ти јуни, а програмата како и претходните неколку години ќе биде поделена во два града и тоа од 17-ти до 19-ти јуни во Скопје и на 20-ти јуни свеченото затворање ќе се одржи во Охрид.rnrnПредвидено е  да се прикажат 8 долгометражни филма, а фестивалските денови ќе бидат свечено затворени во Охрид со проекција на филмот „Семејството Белие“ (2014) филмско остварување на режисерот Ерик Лартиго.rnrnИ оваа година љубителите на седмата уметност ќе можат да ги погледнат најновите остварувања од француската кинематографија и да бидат дел од средбите и дискусиите со годинешните гости-учесници на филмските остварувања и тоа: Г-ѓа Ањес Сорал (актерка),  добитничка на почесната награда Златна маска на фестивалот, Г-ѓа Дијан Руксел (актерка), Г-дин Антоан Лоран (актер), Г-дин Фред Корсјал (композитор), Г-дин Брис Даволи (композитор), Г-ѓа Одре Бијар, член на асооцијацијата ОФФ од Трувил и Г-дин Ален Мајор (продуцент).rnrn4-zapochnuva-osmiot-francuski-filmski-festival-kafepauza.mk 5-zapochnuva-osmiot-francuski-filmski-festival-kafepauza.mkrnrnОсмото издание на овој веќе реномиран фестивал е со изменет и збогатен  концепт, чија цел ќе биде професионалното претставување и поврзување на македонските и француските професионалци од филмската индустрија, како и нивно вмрежување за искористување на можностите од взаемната соработка. Посебен акцент ќе се стави годинава и на дигиталните уметности, и тоа на тема филм и аудиовизуелни уметности преку организирање на работилници за дигитални уметности со цел изработка на мини-видеа со мобилни телефони (во соработка со македонските асоцијации).rnrnФранцускиот филмски фестивал претставува престижна француско-македонска манифестација и е значајна за македонската кинематографија, бидејќи дава можност да се зацврстат темелите на идната соработка меѓу францускиот и македонскиот филм, да се отворат нови можности за размена на уметници, продуценти, режисери, размена  на искуства со земја која претставува лидер во европската кинематографија.