Ако сакате да го подобрите вашиот сексуален живот, следете ги овие николку совети кои ќе ви го олеснат патот до таа цел.rnrn
rnrnВи претставуваме 6 начини на кои можете го подобрите вашиот сексуален живот и да бидете позадоволни заедно со вашиот партнер.rn
1. Не глумете оргазами
rnГолем број жени глумат оргазми, дури 60% имаат признаено дека одглумеле барем еднаш во животот. Ако ова ви стане навика, ќе се соочите со намалување на вашата самодоверба и емотивна оддалеченост од вашиот партнер. Сепак, за вашите лажни оргазми мора да постои причина, па ако не ја кажете вистината, вашиот партнер нема да знае што не е во ред со вашиот однос. За да уживате мора да ја откриете таа друга страна што ви претставува задоволство. Истражувањата имаат покажано дека партнерите кои се отворени и позитивни почесто доживуваат сексуално задоволство.rn
2. Бидете јасни, но и гласни
rnНе се срамете, бидете слободни и изразете го своето задоволство во сексот. Постои директна врска помеѓу секси гласот и добриот секс. Ако вие сте храбри, тогаш и вашиот партнер ќе биде храбар, па на тој начин ќе дознаете што најмногу му се допаѓа.rn
3. Почесто имајте секс
rnСексуалните вештини можат да се усовршат, а честиот секс е патот до тоа. Со тоа вие ја зголемувате вашата самодоверба и ја зајакнувате блискоста меѓу вас и вашиот партнер.rn
4. Потсетувајте го вашиот партнер колку ви е важен
rnВрските можат лесно да западнат во рутина, а понекогаш несвесно може да го игнорирате партнерот. Потсетете го колку ви значи, тој ќе ви се заблагодари така што повеќе ќе се труди да ве задоволи.rn
5. Спалната соба не е единственото место за секс
rnСексот не мора да биде планиран, не мора да го имате само во спалната соба. Изненадете го вашиот партнер, а и себе, спонтано и неочекувано. Важно е да ги исполните вашите желби.rn
6. Пробајте нови пози
rnНе се воздржувајте од испробување на нови пози во сексот. Ништо не го освежува сексуалниот живот повеќе од тие значајни промени. Експериментирајте и уживајте.