Што сакаат да ви кажат акните на вашето тело?
Секој израсток на одреден дел од вашето тело е директно поврзан со одреден проблем, па токму затоа проверете го вашето тело внимателно, обидете се да забележите каде на вашата кожа се појавуваат повеќе акни и откријте нешто повеќе за вашето здравје.
Врат и рамена
Акните на овој дел од телото можат да бидат предизвикани од тесна облека која не ѝ дозволува на кожата да „дише“, но исто така може да станува збор и за високо ниво на хормоните за стрес како и исхрана која изобилува со многу рафиниран шеќер.
Гради
Доколку сте сигурни дека не станува збор за акни настаните од материјал како полиестер или најлон, тогаш можеби вашите акни се производ од алергија или габична инфекција. Кандида во вашиот дигестивен систем може да го поттикне организмот да се буни на овој начин.
Раце
Дали забележувате било какви грутчести израстоци на вашите раце? Ако да, можеби станува збор за „keratosis pilaris“, кои настануваат како резултат на недостаток на хранливи материи поради лоша исхрана.
Стомак
Многу ретко се случува една личност да има акни на стомакот, но доколку вие ги забележувате кај вас, тогаш сигурно станува збор за несакана последица од многу тесна облека.
Нозе
Чувствителноста или алергијата на некои производи како сапунот, боите, парфемите и детергентите можат да бидат причина за појава на акни на нозете.
Грб
Акните на грбот можат да имаат голем број причини, започнувајќи од мрсна храна и тесна облека, па сè до недостаток на сон, потење и алергиски реакции.