Истражувачите многу често се прашуваат зошто одредени луѓе преферираат утра, додека пак други повеќе ја сакаат ноќта. Дали овие преференции се настанати од навика или пак, се биолошки?rnrn
rnrnСпоред една нова студија која била објавена во журналот „Frontiers in Neurology“, биолошкиот часовник на одредена личност, однесувањето поврзано со него како и својствените преференции се генетски наследени. Во оваа студија, истражувачите анализирале различни генетски варијации кај винските мушички. Овие инсекти имаат многу сличен „генетски часовник“ како луѓето, па токму затоа тие успеале да идентификуваат околу 80 варијации кои има шанса да играат улога во преференциите за спиење и будење кај луѓето.rnrnИстражувачите откриле дека одредени гени не се поактивни за време на различни делови од денот како што претходно се верувало. Наместо тоа, целосниот генетски код на винските мушички кои се поактивни наутро е многу поразличен од оној на оние кои се поактивни вечерта.rn
„Набљудувањето на генетските експресии беше само еден дел од нашето истражување. Очигледното прашање беше што предизвикува различни експресии кај ранобудниците и ноќните птици. Овие разлики најмногу се појавуваат поради генетските варијации во нивните ДНК секвенции, односно различни верзии на гените се присутни кај оние кои повеќе го сакаат утрото од кај оние кои повеќе ја сакаат ноќта“, вели д-р Еран Таубер, еден од авторите на студијата.
rnПа, доколку имате проблеми со будењето рано наутро и доцнењето на работа поради истото, благодарение на ова истражување можете слободно да почнете да ги обвинувате вашите гени…