Имате најдобра пријателка која живее во друг град? Еве зошто тоа е добро

Имате најдобра пријателка која живее во друг град? Еве зошто тоа е добро

Кога вашата најдобра пријателка е некој со кого сте пораснале, можеби помислата дека нема да живеете секогаш толку блиску ве плаши. Но, животот е таков и луѓето се преселуваат. Благодарение на технологијата, светот е помал за разлика од тоа што беше. Можеби вие ќе немате толку заеднички излегувања и долги разговори како некогаш, но тоа не значи дека нема да останете блиски како што сте биле. Еве зошто да имате најдобра пријателка во друг град има свои предности.

1-imate-najdobra-prijatelka-koja-zhivee-vo-drug-grad-eve-zoshto-toa-e-dobro-www.kafepauza.mk_

1. Патувања. Без разлика дали ќе отпатувате за викенд во нејзиниот град, ќе испланирате заеднички одмор некаде или пак ќе се најдете во некој ресторан на ручек на пола пат, супер е што имате прилика да прошетате и да поминете некое време заедно надвор од вашиот град.

2. Секогаш ќе имате каде да преноќите кога сте во нејзиниот град. Без хотелски соби и супер поминато време заедно. Што може да биде подобро од тоа?

3. Забавата може да започне порано. Кога се немате видено повеќе од еден месец, гарантирано ќе започнете да се забавувате веднаш штом се најдете на исто место. Нема да сакате да потрошите ниту една минута без забава, бидејќи не знаете кога повторно ќе бидете заедно.

4. Никогаш нема да си досадите една на друга. Ретките видувања и фокусирањето на добрите работи што ви се случиле додека сте биле разделени ќе направи никогаш да не си досадите една на друга.

5. Знаете дека не мора да се гледате секојдневно за да бидете блиски. Никогаш нема да имате преголеми барања и очекувања кога ќе се видите бидејќи сте научиле да бидете самостојни и да функционирате и кога не сте постојано заедно. Секако, најважен ви е квалитетот, а не квантитетот на времето поминато заедно.

2-imate-najdobra-prijatelka-koja-zhivee-vo-drug-grad-eve-zoshto-toa-e-dobro-www.kafepauza.mk_

6. Имате пријател за допишување. Секако дека си пишувате секојдневно, но навистина е убаво понекогаш да добиете долго писмо. Секој сака да добие писмо кое секако не е сметка за плаќање, па слободно напишете го и изненадете ја.

7. Практикувате маратонски Скајп разговори. Виното е секако вклучено. Не е исто пиењето вино со некого во иста соба додека носите пижами, но исто така не мора да се нашминкате ниту пак да излегувате од дома.

8. Правите детални планови за следниот пат кога ќе се видите. Ајде да одиме во Куба? Можеби е подобро низ Европа? На крај завршувате правејќи си маникир, ручек, или одите во клуб како и секогаш. Но, секогаш може да сонувате.

9. Таа не е вклучена во некој настан од вашиот град, па секогаш можете да разговарате со неа за тоа. Секогаш е добро да добиете мислење „од страна“ за она што ви се случува во вашиот живот. Откако таа добро ќе ве ислуша ќе може да ви даде пообјективно мислење.

10. Ќе можете да создавате пријателства без да ја имате нејзе како потпора. Кога бевте деца, сигурно ги правевте сите работи заедно. Но без неа, вие треба да создавате нови пријателства сами. Колку многу и да ја сакате, кога имате две различни групи пријатели тоа ве прави повеќе друштвени.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар