Сите луѓе кои живеат над 100 години ги имаат овие 7 заеднички нешта

Сите луѓе кои живеат над 100 години ги имаат овие 7 заеднички нешта

Која е тајната на оние кои успеваат да ја надминат 100-тата година? Токму тоа прашање го поставиле група научниците од Скандинавскиот Универзитет. За да го најдат одговорот, тие поминале 50 години следејќи над 850 мажи кои биле родени во 1913 година, а потоа ги испитувале и 7-те мажи кои живееле над 100 години.

Сите луѓе кои живеат над 100 години ги имаат овие 7 заеднички нешта

Научниците ги објавиле резултатите кои на некој начин се и еден вид основа за како да живеете долг и здрав живот. Погледнете кои биле заедничките нешта кај оние мажи кои успеале да ја надминат 100-тата година…

1. Тие биле непушачи

Ова откритие е и повеќе од очигледно. Докторите знаат со години дека пушењето предизвикува рак на белите дробови. Но, покрај тоа, цигарите се поврзани и со срцеви болести, хипертензија, мозочни удари и различни видови орални болести. Па, доколку сакате да живеете подолго, откажувањето од цигарите е одличен прв чекор.

2. Имале добар социјално-економски статус

Студијата открила и дека оние кои живееле над 100 години имале добра финансиска состојба, живееле на места каде што имало повисока кирија, а токму тоа водело и кон барање подобра здравствена грижа.

3. Имале стара мајка

Ова е нешто што не можете да го контролирате, но студијата открила дека доколку имате постара мајка, тоа е одличен показател и за долготрајноста на вашиот живот. Поврзаноста со годините на таткото не била толку значајна колку онаа со годините на мајката.

4. Одржувале висока когнитивна функција

Одржувањето на мозокот може да им се спротивстави на ефектите на деменцијата, резултирајќи со подобар квантитет, но и квалитет на животот. Читајте книги, решавајте загатки и одржувајте го мозокот активен за време на целиот живот. Тоа многу ќе ви се исплати во златните години.

5. Одржувале здрава телесна тежина и имале добро држење на телото

Од сите учесници во студијата, само оние кои живееле над 100 години имале просечна телесна тежина и добро држење. Прекумерната тежина е поврзана со дијабетес, срцеви болести, артритис и рак, а сите овие нешта го скратуваат животот. Вие не мора да вежбате и да се исхранувате здраво само за вашата телесна слика, туку можете да гледате на тоа како инвестиција во години кога ќе бидете постари.

6. Користеле помош при одење кога имале потреба

Како што личноста старее, така и паѓањето станува поголем ризик. Всушност, токму тоа и предизвикува дополнителни повреди кои се меѓу најголемите причинители за смрт помеѓу постарите. Било која физичка повреда, без разлика колку е мала, на постари години се доживува посилно и на телото му е потребно повеќе време да заздрави. Но, оние постари кои не биле горделиви да побараат помош, знаат дека е важно да се одржуваат здрави, а со тоа и да се приближат поблизу до 100-тата година.

7. Носеле очила

Личноста која носи очила редовно оди на доктор, а со тоа има и повеќе шанси да ги открие очните болести во ран стадиум. Исто така, подобриот вид го намалува бројот на несреќи, особено на сообраќајки.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар