Ставивте шише вода на седиштето, но истече вода на него? Децата со влажни костими за капење влетаа директно во автомобилот и седнаа на седиштето? Остана голема бела дамка откако сè се исуши? Многу возачи се нашле во слична ситуација. Но, во продолжение прочитајте што можете да направите за да спречите грдите дамки да останат на седиштата во автомобилот.rnrn
rnrnЗемете малку сода бикарбона, околу две до три лажици и посипете на влажните дамки. Оставете ја да стои преку ноќ, а потоа следното утро отстранете ја со правосмукалка.rnrnОсвен тоа што сè ќе биде суво, сода бикарбоната ќе спречи појава на непријатни мириси. За да избегнете ваква штета во иднина, секогаш ставајте ги влажните работи во багажникот и не заборавајте да ги извадите и да ги исушите.rnrnПокрај тоа, редовно чистете го автомобилот со правосмукалка и отворете ги прозорците за да избегнете создавање непријатни мириси.rnrnПрочитајте како да го изладите автомобилот што стоел на сонце за само 10 секунди.
Како да ги отстраните дамките од вода на седиштето во автомобилот?
