Кои се трите машки хороскопски знаци кои се најлоши брачни партнери?

Кои се трите машки хороскопски знаци кои се најлоши брачни партнери?

Пред некое време пишувавме за женските хороскопски знаци кои се најдобри за брак. Токму затоа кога ќе откриете кои машки хороскопски знаци имаат репутација како најлоши брачни партнери, со сигурност ќе се изненадите. Тие се познати како пријатни личности и всушност се добри за сè останато освен за мирен брачен живот. Со овие бељаџии кои секогаш наоѓаат начин да бидат напорни, понекогаш е многу тешко да се биде во брак.

Кои се трите машки хороскопски знаци кои се најлоши брачни партнери?

Рак

Мажот Рак не е личност со која можете лесно да го поминувате вашиот живот, дури и покрај општото верување дека овој знак е многу пријатна личност. Раковите можат да се поделат во две групи. Во првата спаѓаат оние кои ја сакаат својата куќа, но кои се напорни и критичари, додека пак во втората група спаѓаат оние кои се пасивни, мрзливи и незаинтересирани – тие најчесто се со жена од корист, наследство или поради социјалниот статус.

Раковите се многу забавни и симпатични, но само кога тие тоа го сакаат. Без разлика на која група припаѓаат, тие поминуваат многу повеќе време во својот дом од кој било друг маж. Тие имаат длабоки традиционални чувства за домот и семејството и имаат многу квалитети кои најчесто се изразуваат само кај жените од овој знак. Променливоста и сентименталноста можат да се сфатат како карактерни црти на една жена, но кога станува збор за мажите, овие особини не се баш идеални, особено кога се јавуваат во големи дози. Иако ги сака сопругата и децата, тој всушност никогаш не може да биде целосно задоволен и токму затоа секогаш ќе најде нешто за критика и за жалење.

Овие луѓе се многу сензуални и бараат непрекината еротска стимулација. По правило се верни, доколку го добиваат она што им е потребно од својата сопруга. Ракот е плашлив, па затоа избегнува опасност колку што е можно повеќе.

Скорпија

Многу е тешко да се оствари брачна хармонија или успешен заеднички живот со мажите Скорпии. Единствениот начин на кој е можно да се изведе тоа е доколку сопругата секогаш е во неговата сенка и слепо го следи во секој чекор. Тие воопшто не поднесуваат доминантни жени. Скорпијата е типична старомодна душа, а во домот е тиранин, исто како и во другите социјални комуникации. Неговите љубовни реакции се толку силни и екстремни, што понекогаш дури можат да доведат и до насилство.

Но, и покрај сè овој знак сепак има неколку шанси за среќа. Најпрво, тој често е успешен во својата работа и способен е да го издржува целото семејство сам. Тој е многу посесивен и љубоморен, и најчесто ги обожава сопругата и децата. Всушност, без разлика на тоа колку љубов и внимание му се подарува, тој секогаш ќе има причина за сомнеж и ќе верува дека дури и неговите најблиски работат против него. Иако најчесто оваа ситуација постои само во неговата глава, понекогаш тој можеби е во право.

Длабоко во себе, неговите чувства за жената и децата се навистина благородни, но тој никогаш нема да научи како да ги изрази на вистинскиот начин. Неговата себична љубов го загорчува неговиот живот, како и животот на сите околу него. Дел од неговата природа е и сексуалната незаситност. Неговите желби се огромни, исто како и задоволството кое го посакува.

Стрелец

Овој вид мажи бараат мудра и тактична жена. Всушност, ова е карактеристика на сите мажи, но кај Стрелците постои поголема изразеност при забележување на лошите страни и грешките на својот партнер. Тие не се баш родени за брачен живот. Стрелецот има огромно интересирање за светот околу него, тој по природа е хуман, па токму затоа и сака да учествува во различни социјални организации, како и во решавање на проблемите на неговата заедница. Тој е во секој поглед човек за јавност. Стрелците се огромни мегаломани, па токму затоа често сопствениот живот им изгледа мал и здодевен.

Доколку неговите вкусови се променат, тој не гледа причина да продолжи со изразување лажни симпатии кон одредена личност. Дури и ако ништо особено не му смета, животот и љубовта ја гледа само како дел од спортска игра. Токму затоа и се смета за добар играч во бракот. Но, неговата жена мора да биде со широка свест, ослободена од љубомората и малку безлична со цел да му одговара. Дури и кога тоа не е нејзината вистинска природа. Таа мора да биде вистински уметник за да може во целост да ги прати и задоволува сите негови интереси.

Со овие мажи многу е тешко да се живее. Поради нивниот недостаток на емоции и огромното нетрпение за сè што е ограничено или со строго утврдени правила, сопругата на Стрелецот мора да ги прошири своите хоризонти со цел да може да биде на исто ниво како него. Неговата страст е спортска и авантуристичка. Тој е весела и интересна личност која ја доживува љубовта како среќна околност. Сите негови чувства и желби се насочени кон брза и моментална акција.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар