rnСо кој хороскопски знак ве чека најдобар заеднички живот? Имате среќа ако веќе имате жена во некој од овие три знаци покрај себе.rnrn
rn
Рак
rnАко успеете да го освоите срцето на жената Рак, таа ќе биде спремна да оди со вас до крајот на светот во име на заедничката љубов. Нејзините чувства секогаш се силни. Со неа ќе дознаете што значи покрај себе да имате права жена. Таа е спремна да стори сè само нејзиниот избраник да се чувствува сакано.rnrnСклона е кон драматизирање на ситуациите, па затоа треба да очекувате многу вакви прилики во вашиот брак со неа, но тоа е мала цена за она што ќе го добиете од животот со неа. Покрај неа ќе живеете како „бубрег во лој“, секогаш опкружени со најубавите јадења и удобноста на најубаво уредениот дом. Таа е жената која мажот сака да ја има дома секогаш штом се врати од работа.rnrnДецата за неа се светост и секогаш нивните потреби ќе ги става пред своите. Заменете ја понекогаш и дозволете ѝ малку одмор. Мазете ја, чувајте ја и бидете искрени со неа. Тоа е сè што таа очекува од вас.rn
Лав
rnЛавицата е силна жена. Таа е прав воин. Има неверојатна сила и способност, но и нејзе ѝ е потребен некој кој ќе ѝ одговара во моментите кога ѝ е потребен маж. Таа бара некој кој ѝ е рамен, па затоа треба покрај неа да се чувствувате како супермен. Ќе ја обожавате и без да прави нешто посебно за вас и секогаш ќе се прашувате што е тоа што ве тера толку многу да сакате да бидете покрај неа. Сè што прави за вас, таа го прави со целото свое срце. Нема да сретнете жена која ќе ве сака повеликодушно од неа. Кога сака, ќе направи секоја нејзина желба да биде ваша заповед. Со неа ќе сфатите што значи несебична и права љубов.rnrnТаа и за своите деца ќе се бори како лавица. Секогаш ќе биде на штрек за нив. Оној кој ќе се обиде да им направи нешто лошо или да ги навреди ќе си помине многу лошо со неа. А, за сето ова од вас очекува само да ја обожавате, но без грижа, тоа е многу лесно кога таа е во прашање.rn
Јарец
rnСекој би паднал на колена пред ваква жена. Многу е силна, може сè да поднесе и нема ни да забележите дека вложува натчовечки напори да го постигне она што го наумила.rnrnОваа дама може многу нешта да поднесе достоинствено поради што многу мажи ќе се плашат дека не се доволно добри за неа. Но, ако таа ви покаже дека ве сака, бидете сигурни дека нејзината љубов ќе трае многу долго.rnrnНејзината одговорност и посветеност ќе го одржуваат пламенот на љубовта. Со неа секој ден ќе станувате сè подобар и подобар, па еден ден ќе сфатите дека од жаба сте се претвориле во вистински принц кому другите му завидуваат поради тоа. Со неа можете да растете на секое поле. Таа стои цврсто на земја и не живее во фантазијата, така што знае од кого што може да очекува.rnrnАко се прашувате како сте успеале да привлечете ваква жена, знајте дека веројатно таа за вас има многу подобро мислење отколку што имате вие самите за себе. Таа знае да процени кој маж колку вреди. Таа ќе ве сака и ќе даде сè од себе за да го извлече најдоброто од вас и да ве претвори во вашата најдобра верзија. Како строга и праведна мајка, таа одгледува вистински победници. Сè што бара за возврат е истрајност и карактер, а таа самата ќе ве мотивира на тоа со својот пример.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn