КАФЕ ПАУЗА

Артист го користи небото како платно за неговите брилијантни цртежи

Артист го користи небото како платно за неговите брилијантни цртежи

Францускиот графити артист и карикатурист Томас Ламади наоѓа необична инспирација во чистите неба кои се издигнуваат помеѓу структурите на модерната архитектура. Откако ќе ги фотографира, празните сини простори ги претвора во платно на кое паметно ги вклопува своите забавни илустрации.rnrnАртист го користи небото како платно за неговите брилијантни цртежиrnrnНа оваа идеја дошол во 2010 година кога погледнал кон небото и електричните жици го потсетиле на зајак. Оттогаш својата уметност почнал да ја „пополнува“ врз фотографиите од неговиот роден град Авињон, но подоцна ја открил и архитектурата на Њујорк, Хонгконг и други градови.rnrnНеговата „небесна уметност“ е навистина уникатна, бидејќи претставува спој на фотографијата, архитектурата и илустрирањето, и тоа на паметен и многу забавен начин.rnrn

rnrn rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.