КАФЕ ПАУЗА

Само вака правилно се замрзнува леб: Генијален трик кој ја чува свежината, а ви требаат само 10 минути

Само вака правилно се замрзнува леб: Генијален трик кој ја чува свежината, а ви требаат само 10 минути

Многу домаќинки ги замрзнуваат остатоците од леб за подоцна да можат да ги искористат. Експертите ја одобруваат оваа постапка, но предупредуваат дека замрзнувањето мора да се направи на правилен начин бидејќи само така ќе ја задржите свежината.rnrnСамо вака правилно се замрзнува леб: Генијален трик кој ја чува свежината, а ви требаат само 10 минутиrn

Дали да го исечете лебот или не?

rnПред да го ставите лебот во замрзнувач, размислете на кој начин ќе го користите подоцна.rnrnАко ви треба за сендвич, исечкајте го на парчиња. Остатокот од лебот може да се замрзне како цело парче, освен ако не процените дека ви треба исечен на помали парчиња.rn

Замрзнување на лебот

rnОткако ќе го исечете лебот, завиткајте го во чиста пластична фолија. Слободно можете и малку да го притиснете, бидејќи колку помалку воздух ќе има во лебот и во пластичната фолија, толку подобра ќе биде текстурата на лебот кога ќе го одмрзнете.rnrnПотоа, ставете го лебот во пластична кеса. На тој начин, ќе може да „преживее“ во замрзнувачот околу шест месеци.rn

Одмрзнување

rnИзвадете го лебот од замрзнувачот и оставете го на собна температура неколку часа. Најдобро е тоа да го направите навечер и да го оставите да преноќи.rnrnКога лебот ќе се одмрзне, ставете го во сад за печење, а потоа во рерна на температура од 170 ᵒC околу 10 минути.rnrnПрочитајте ги и овие 10 трикови за употреба на брашното.