13 трендови кои ќе треба да им ги објасниме на нашите деца
Ќе дојде ден кога нашите деца ќе почнат да ни поставуваат многу прашања. Но, не како оние од наше време „Од каде доаѓаат бебињата?“, туку „Што е селфи?“ или пак „Која е Ким Кардашијан?“ Па погледнете за кои денешни трендови ќе нè прашуваат нашите деца.
1. Нашите супер елегантни и соодветни танц движења
„Не, се колнам дека тверкот е „вистински“ танц. Комплициран е повеќе отколку што изгледа. Сакаш да ти покажам како јас го правев?“
2. Омбре фризурите
„Не драга, моите корени не се подраснати. Тоа беше стил, знаеш, темно на коренот, а светло на врвовите.“
3. Реалити шоуа
„Тоа се отприлика осум луѓе, во една куќа, платен им е цел алкохол и ставени се камери на сите ќошиња за да се види што ќе се случи следно.“
4. Нашата „длабока и сентиментална“ музика
Го пуштаат 2 Chainz на радио: „Ох, ова беше хит на моето време. Стара, но добра. За малку ќе беше песна за мојот свадбен танц.“
5. Селфи
„Нашите камери ги имаа оние поставки со коишто можеше да се заврти екранот и да ја видиш сликата уште пред да ја сликаш.“
6. Вампирските романси
„Еден ден, им снемаа идеи. Тогаш се случи ‘Самрак’.“
7. Инстаграм
„Не, прво сликаш, па избираш филтер, а потоа ја јадеш храната, разбираш?
8. Фамозната „дак фејс“
„Ако сакаш да излезеш подобро, може да покажеш и ‘пис’ знак.“
9. Хаштаг
„Значи, кога јас бев мала, тарабата беше нешто што го користевме на телефонот, а потоа стана многу повеќе од тоа.“
10. Видеа со мачки
„И тогаш ќе потрошевме неколку часа гледајќи Јутјуб видеа во кои тие прават разни работи, како на пример танцување или возење скутер. Тоа е многу смешно.“
11. Твитање
„Душо, да го објасниш целиот свој ден со 140 букви не е толку лесно како што звучи.“
12. 50 нијанси сиво
„Не, не беше порно, тоа беше фина литература.“
13. Сè во врска со семејството Кардашијан
„Паaa, имаше едно момче кое се викаше Реј Џеј…“