КАФЕ ПАУЗА

Што велат вашите статуси на Фејсбук за вашиот интелект?

„Не плачете затоа што дошло до крај. Смејте се затоа што се случило!“

rn

„Танцувајте како никој да не гледа.“

rn

„Бидете промената која сакате да ја видите во светот.“

rnКолку пати сте виделе некоја личност со која немате разговарано уште од средно училиште да објави некој од овие статуси или пак, друг вид клише инспиративни цитати? Овие објави се толку чести што можеби веќе ви здодеале, но верувале или не, тие можат да кажат многу за личностите кои ги објавиле.rnrnШто велат вашите статуси на Фејсбук за вашиот интелект?rnrnСпоред една нова студија, луѓето кои објавуваат ваков вид инспиративни цитати најчесто имаат пониско ниво на интелигенција. Тие исто така имаат поцврсти религиозни верувања и многу лесно можат да поверуваат во теории на заговор. Во оваа студија, истражувачите прашале 845 учесници за нивното мислење за автоматски генерирани изјави кои немаат никаква смисла (на пример, „Скриеното значење трансформира неверојатна апстрактна убавина“) и вистински цитати. Потоа со помош на други фактори, како нивните когнитивни способности, тие ја одредиле интелигенцијата на волонтерите.rnrnИстражувачите откриле дека најчесто волонтерите имале потешкотии при разликувањето на вистинските и лажните цитати. Оние кои сметале дека лажните цитати се попривлечни од вистинските цитати имале пониски когнитивни способности (вербална и флуидна интелигенција) и биле многу посклони на онтолошки забуни и теории на заговор, како и повеќе верувале во паранормалното и религиозното. Од друга страна пак, оние кои ги преферирале вистинските цитатите имале поголема аналитичка когнитивна способност и биле посклони кон скептицизам.rnrnСо други зборови, оние кои верувале во „глупостите“ напишани за оваа студија имале поголема шанса да паднат под влијание и на други видови „глупости“ со кои секојдневно се соочувале во животот.