Оваа неверојатна мачка е медицинска сестра во ветеринарен центар
Радаменес, мало и црно ангелско маче кое живее во Бидгошч, Полска, дава сè од себе за да им помогне на животните кои доаѓаат во ветеринарниот центар да им биде подобро. Откако ветеринарите го спасиле од сигурна смрт, тој се обидува да ја возврати услугата така што ги гушка, масира и понекогаш дури и чисти другите животни кои доаѓаат таму. Ова мачка станала локална атракција и луѓето почнале да го посетуваат центарот само за да видат како им помага на другите животни.
Кога го донеле во центарот, тој страдал од сериозна инфекција на дишните патишта и бил толку болен што ветеринарите дури и размислувале да го успијат. Но, кога го слушнале како преде, решиле да се обидат да го спасат. Откако неговата состојба чудесно се подобрила, тие се изненадиле кога забележале дека и покрај сè, тој се обидува да ги утеши другите животни кои се таму, така што ги чистел и прегрнувал. Тој бил особено внимателен со оние кои имале сериозни операции. Оттогаш па наваму, ветеринарите ја сметаат оваа мачка за нивна медицинска сестра со полно работно време.