4 едноставни начини на кои можете да добиете сè што ќе посакате

4 едноставни начини на кои можете да добиете сè што ќе посакате

Дали некогаш сте се запрашале зошто одредени планови ви се остваруваат побрзо од други? Или пак, зошто е толку тешко да постигнете некоја цел, додека пак некои други цели ги остварувате и без да забележите? Остварувањето на соништата е процес кој откако ќе разберете како функционира, ќе можете и да почнете да преземате одредени чекори со цел да го забрзате. Тоа можете да го сторите на следниве 4 едноставни начини…

4 едноставни начини на кои можете да добиете сè што ќе посакате

1. Јасно детерминирајте што сакате и запишувајте сè што правите за да го постигнете тоа

Со цел да го добиете она што го сакате, вие мора да престанете да се фокусирате на оние нешта кои не ги сакате. За да ги оживеете вашите соништа, бидете јасни во вашите намери и не само што ќе ги запишете вашите планови, вие запишувајте ги и сите оние нешта кои сте ги презеле за да ја постигнете вашата цел.

2. Активно напредувајте, без разлика колку мал или голем е вашиот успех

Секојдневно преземајте нов чекор кој ќе ве доближи до вашата цел. Доколку преминувате по една препрека на ден, идната верзија од вас ќе ви биде бескрајно благодарна бидејќи сте ѝ помогнале побрзо да ја постигне својата цел. Универзумот сака акција, па доколку ја сакате неговата поддршка, не чекајте знаци туку фрлете се веднаш на работа!

3. Визуализирајте како вашиот живот ќе изгледа доколку ја постигнете својата цел или ги остварите вашите соништа

Визуализирањето на соништата прави тие да се остварат во вашиот ум, а со тоа и ви помага да ја остварите вашата цел побрзо. Доколку нешто не можете да видите во вашите мисли, тогаш е многу потешко и да го остварите. Не заборавајте секојдневно да издвоите малку време кое ќе го посветите во замислување на исходот од вашите желби со цел да се мотивирате да продолжите со повеќе енергија и понатаму.

4. Ослободете се од сите очекувања од исходот

Последниот чекор е да се ослободите од очекувањата за исходот. На овој начин вие нема да си поставите ригидни граници за како и кога ќе ги постигнете вашите цели, па токму тоа и ќе ви помогне да уживате повеќе во самото патување. Доколку успеете да се фокусирате повеќе на патувањето, наместо постојано да се преиспитувате до каде сте, вие со сигурност ќе ги постигнете вашите цели побрзо. Едноставно прифатете го местото каде што се наоѓате во овој момент и обидете се целосно да живеете во сегашноста.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар