Доаѓа сезоната на празниците, но и на дебелеењето. Празничните забави со многу храна се лесен начин да качите некој килограм овој период од годината. Но едно ново истражување од Велика Британија покажало дека постои начин да го избегнете ова.rnrn
rnrnИстражувањето имало за цел да открие дали делењето совети на луѓето за храната и за пиењето за време на празниците може да го спречи дебелеењето. Во истражувањето учествувале 272 испитаници кои биле поделени во две групи. Едната група била советувана да се мери барем 2 пати неделно за време на празниците, да ја запишува тежината и да размислува за тоа. Групата исто така добила и 10 совети за справување со тежината како внимавање на големината на порциите, ограничување на консумирањето алкохол и пијалаци со шеќер и редовна физичка активност.rnrnГрупата добила и листа која им кажувала колку треба да вежбаат за да согорат некои од популарните празнични оброци и пијалаци. На пример, потребни се 16 минути трчање за да се согорат 3 печени компири. За чаша варено вино, потребни се околу 30 минути пешачење.rnrnДругата група добила совети за здрав живот, но не добила совети за исхраната или конкретно за празниците.rnrnИстражувачите ги мереле испитаниците пред божиќните празници, во ноември и во декември, и околу еден месец подоцна, во јануари и во февруари. Се открило дека втората група во просек качила околу 0,4 килограми, додека првата не ја променила тежината. Воглавно, испитаниците од првата група биле околу половина килограм полесни на крајот од истражувањето за разлика од втората.rnrnИако разликата во килограми е мала, важно е дека секое спречено дебелеење е корисно за здравјето. Истражувачите нагласиле дека истражувањето имало и неколку ограничувања. Периодот помеѓу мерењата бил релативно краток, а повеќето испитаници биле жени кои биле со нормална тежина или имале некој килограм плус, но не биле дебели. Па не е целосно јасно колку резултатите важат и за други групи луѓе. Сепак, истражувачите сметаат добро е да ги земете овие резултати предвид, бидејќи колку-толку ќе ви го намалат дебелеењето за време на празниците.rnrnПогледнете и кои се најпознатите митови за здравјето за време на празниците.
Истражување: Како да го спречите дебелеењето за време на празниците?
