Парадокс на убавината – 4 начини на кои потпетиците нѐ охрабруваат и нѐ заробуваат

Парадокс на убавината – 4 начини на кои потпетиците нѐ охрабруваат и нѐ заробуваат

Дали жената ги носи чевлите или чевлите ја носат жената?

Се обидуваме да откриеме каква е пораката кога носиме високи потпетици, а каква е кога не носиме? Зошто некои жени ја поднесуваат болката, а некои не?

Убавината е болка и болката е убавина, но мора ли да бидеме грди за да ни биде удобно? Нема ли да бидеме женствени ако не носиме високи потпетици?

Се симнуваме неколку степени подолу на сексуалната скала ако не носиме високи потпетици и така доброволно им дозволуваме на другите жени да го заземат нашето место.

1-Paradoks-na-ubavinata – 4-prichini-kako-potpeticite-ve-ohrabruvaat-i-ve zarobuvaat-kafepauza.mk

Дека е тоа така потврдиле и научниците од „Универзитетот во Јужна Бретања“. Тие составиле група од 19-годишни девојки кои носеле потпетици со различни висини и требале да анкетираат мажи на возраст од 25 до 50 години. Резултатот покажал дека мажите двапати повеќе застанувале да разговараат со девојките на повисоки потпетици.

Дали со носењето високи потпетици го отпоздравуваме феминизмот или тоа е чекор наназад? Дали е тоа застарена форма на ропство или пак враќање на женственоста?

Тие се меч со две острици. Како и животот на жената, така и тие се полни со контрадикторности и двојни стандарди. Истовремено се форма на еманципација, но и на заробеништво. Потпетиците се со нас и против нас.

3-paradoks-na-ubavinata-4-nachini-na-koi-potpeticite-nѐ-ohrabruvaat-i-nѐ-zarobuvaat-kafepauza.mk

1. Ни даваат моќ, но сепак нè оковуваат

Ако убавината носи моќ, тогаш зошто понекогаш се чувствуваме толку слабо?

Не можеме да негираме дека одредени привилегии и предности следуваат со повеќе убавина. Но колку моќ може да има жена која владее од одредена висина на која не може да се движи? Само заради тоа што убавината е моќна не значи дека оној што ја поседува ја има моќта.

Во Антички Рим, високи потпетици носеле сексуалните робови и проститутките. Во тоа време тие биле симбол на секс и заробеништво.

Станале актуелни во 1500-те години, но со друго значење – претставувале моќ на владејачката класа. Биле знак на моќ и престиж, дотолку што високо позиционираните луѓе ги викале „луѓе на висока потпетица“.

На запад претставувале моќ, но им ги скратувале правата жените – тие не можеле секаде да се движат со нив. Плус, тие се поврзувале со слабост, бидејќи не се очекувало дека жените можат нешто да прават додека ги носат.

Со моќта доаѓа и поробувањето.

1-paradoks-na-ubavinata-4-nachini-na-koi-potpeticite-nѐ-ohrabruvaat-i-nѐ-zarobuvaat-kafepauza.mk

2. Нè прават повисоки, но и помалку застрашувачки

Со нив добиваме на височина, но не и на убедливост. Ни додаваат сантиметри наспроти противникот, но и ги изложуваат нашите слабости. Можеби ќе бидеме повисоки, но сме дефинитивно и послаби.

Потпетиците ја намалуваат можноста не само да избегаме во моментот туку и за цел живот. Според „Women’s Health Magazine“ движењето на потпетици ја вкочанува Ахиловата жила. Оваа жила ги вкочанува листовите на нозете на потпетици. Затоа кога ќе ги соблечеме потпетиците нормалното движење е болно. По подолго време движењето по рамно станува тешко.

На високи потпетици можеби ќе можеме да им „јадеме бурек на глава“ на машките, никогаш нема да можеме да бидеме побрзи од нив.

2-paradoks-na-ubavinata-4-nachini-na-koi-potpeticite-nѐ-ohrabruvaat-i-nѐ-zarobuvaat-kafepauza.mk

3. Нè прават гласни, а истовремено ни го одземаат авторитетот

Со нив привлекуваме внимание, но какво?

Не само што ни го отежнуваат одот туку и нè издаваат. Со нив непријателите полесно ќе го слушнат нашето доаѓање, дури и оние кои не сакаат да се во чекор со нас.

Само затоа што секој може да нè чуе не значи и дека ни се плаши. Тоа што сме погласни од другите не значи дека сме помоќни.

4. Нè прават да се чувствуваме посекси, но и нè повредуваат

За потпетиците веќе одамна е докажано дека ја зголемуваат привлечноста на жената – со нив се издолжуваат нозете и се зацврстува задникот. Благодарение на нив жените можат да постигнат одредено ниво на убавина, но по која цена?

Според „Associated Press“, медицински, високите потпетици може да предизвикаат болки во грбот и да го зголемат ризикот од повреди на зглобовите. Докажано е дека предизвикуваат оштетувања на коските и нервите, остеоартритис, пукнати капилари, плускавци и сраснати нокти.

4-paradoks-na-ubavinata-4-nachini-na-koi-potpeticite-nѐ-ohrabruvaat-i-nѐ-zarobuvaat-kafepauza.mk

Што е поентата на убавината ако цената што ја плаќаме не е вредна за тоа? Кога инвестицијата во високите потпетици престанува да биде исплатлива? Се откажуваме од делови од себеси за да ги воодушевиме мажите. Ние сме посекси, но самите себе се повредуваме.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент на катедрата за Општа и компаративна книжевност. Голем гурман, обожувач на уметноста и кафехоличар. Секогаш се интересира за нови погледи на светот и затоа има немирен дух. Задолжително наоѓа слободно време кое го поминува со нејзиното домашно милениче и да се напие макар една шолја кафе со пријателките.

Поврзани содржини

Остави коментар