5 чекори за избегнување на непријатниот мирис на нозете

5 чекори за избегнување на непријатниот мирис на нозете

Нозете постојано се потат, а потта е идеално место за развој на бактерии кои потоа ослободуваат многу непријатен мирис. Него можете да го избегнете со примена на некој од овие чекори.

5 чекори за избегнување на непријатниот мирис на нозете

1. Оставете ги стапалата да дишат

Постојат два начини да ги поставите стапалата да дишат. Можете да носите отворени обувки како сандали или влечки секогаш кога тоа е можно или да носите чорапи кои не ја впиваат влагата. Избегнувајте ги памучните чорапи затоа што тие ја впиваат влагата, го држат стапалото влажно и испотено, а тоа создава лош мирис. Наместо памучни, користете чорапи кои се направени од мешавина од синтетички влакна како спандекс, најлон и полиестер, кои влагата ја префрлаат надвор.

2. Мијте ги нозете со алкохолен оцет

Сапунот и водата се добар начин на борба против мирисот на нозете, а и средствата за дезинфекција на рацете многу помагаат. Ако сакате да пробате нешто поинакво, растворете една чаша алкохолен оцет во четири литри вода и со нив мијте ги стапалата еднаш до два пати дневно.

3. Елиминирајте ја влагата

Гледајте нозете постојано да ви бидат суви, затоа што само влажните нозе мирисаат. Лекарите советуваат да си помогнете и со нанесување на бебешка пудра, пченкарно брашно или сода бикарбона. Можете да нанесете и антиперспирант на табаните, како и помеѓу прстите пред спиење и по утринското туширање.

4. Носете суви обувки

Би било идеално кога би имале повеќе пара обувки, па би ги менувале почесто за тие да можат да се исушат и да не ја држат влагата во себе. Ако не располагате со повеќе пара обувки, секогаш сушете ги на воздух штом ќе ги собуете. Можете да користите и миризливи влошки кои секако треба да ги менувате штом го изгубат дејството.

5. Побарајте помош од лекар

Ако ништо не помага, немојте да се срамите да побарате помош од лекар. Тој можеби ќе утврди постоење на некое здравствено нарушување поради кое ви се јавува овој проблем.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар