КАФЕ ПАУЗА

Француска чоколадна торта

Вашиов нов омилен чоколаден десерт

rn(1) Француска чоколадна тортаrn

Потребни состојки:

rn

    rn011

  • 250 грама темно чоколадо, исечкано
  • rn011

  • 120 грама несолен путер
  • rn011

  • 65 грама шеќер
  • rn011

  • 4 јајца, одвоени
  • rn011

  • 2 супени лажици брашно
  • rn011

  • Прстофат сол
  • rn

rn

Начин на подготовка:

rnЗагрејте ја рерната на 180 степени и премачкајте со масло хартија за печење, поставена во длабока тава од 22 сантиметри. Сместете го чоколадото и путерот во сад кој е отпорен на топлина и поставете го врз тенџере со зовриена вода. Мешајте повремено сè додека смесата не се стопи, измазни и соедини. Тргнете го садот од оган. Додајте половина од шеќерот и веднаш по него жолчките од јајцата. На крај сипете го и брашното.rnrnСо помош на електричен миксер, мешајте ги белките од јајцата со солта сè додека не станат бели и формираат меки рабови. Додека сè уште мешате, просипете ја останата половина од шеќерот и продолжете да матите на највисока брзина сè додека белките не формираат цврсти врвови. Одделете третина од оваа смеса и префрлете ја во чоколадната смеса со цел да ја осветлите. Потоа нежно префрлете ја и останатата смеса од белките.rnrnПоставете го тестото во подготвената тава и распоредете го еднакво. Печете околу 25-35 минути или сè додека тортата не ви изгледа делумно цврсто во средината. Бидете внимателни да не ја препечете. Откако ќе завршите дозволете ѝ целосно да се олади пред сервирање. По избор, декорирајте со свежо овошје. Добар апетит!rnrnrnrn rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.