КАФЕ ПАУЗА

Каква фризура најдобро ви прилега?

Каква фризура најдобро ви прилега?

Постојат многу стилисти кои навистина умеат одлично да ви ја средат косата, но проблемот е како да знаете кој е вистинскиот за вас?rnrnКаква фризура најдобро ви прилега?rnrnНаместо да размислувате во кој салон да закажете потстрижување, внимателно погледнете го обликот на вашето лице во огледало и констатирајте кој од овие 4 облици најмногу се совпаѓа со вашиот. Пронаоѓањето на фризура која убаво ќе прилега на вашето лице, е  клучот за да изгледате помладо и посвежо, а воедно и ќе ги прикрие вашите недостатоци.rn

Овално лице

rnЖените кои имаат сразмерни пропорции на лицето, можат да експериментираат бидејќи им стои буквално секаква фризура. На јајцевиден облик на лице, прекрасно прилегаат и крената асиметрична фризура и пуштена „слободна“ коса. Ако вие сте едни од нив, совршено ќе ви прилега убаво исправена коса со преса, исчешлана на средишен патец. Едноставна и сјајна, пегланата коса не прилега на секој, но изгледа одлично на жените со овално лице.rnrnКаква фризура најдобро ви прилега?rn

Коцкесто лице

rnДевојките кои имаат поголеми коски на лицето, треба да носат фризура која ќе направи лицето да им изгледа потесно. Нема да погрешите доколку се решите за фризура со крупни кадрици и голем волумен, бидејќи таа ќе направи лицето да изгледа потесно. Воедно, кадриците ги ублажуваат острите црти на лицето. Стилистите, на жените со ваков облик на лицето, им препорачуваат да носат и пораснати шишки до рамена кои успешно ја прикриваат широката вилица.rnrnКаква фризура најдобро ви прилегаrn

Срцевидно лице

rnНа девојките кои имаат тесно лице и поистакната брада, им прилега разбушавена коса, потстрижена до врат. Големиот број ситни кадрици со средна должина, ќе прилегаат одлично на срцевидниот облик на лице и ќе направат тоа да изгледа позатегнато. Исто така, нема да погрешите ако направите рамни шишки, симетрично распоредени на челото, бидејќи тие ги ублажуваат цртите и визуелно ја намалуваат должината на лицето.rnrnКаква фризура најдобро ви прилега?rn

Тркалезно лице

rnЗа да му дадете симетрија на вашето лице, направете остар патец налево и благо накадрени праменчиња. Странично потстрижени шишки во емо стил, прилегаат убаво на тркалезно лице, бидејќи ја „разбиваат“ симетријата и ги истакнуваат коските на лицето. Ако имате ваков облик на лице, одлично ќе ви прилега и високо поткрената вечерна фризура, затоа што висината не го истакнува кружниот облик на лицето, туку напротив прави тоа да изгледа покоцкесто.rnrnКаква фризура најдобро ви прилега?rnrn rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.