КАФЕ ПАУЗА

6 причини поради кои треба да почнете да пишувате дневник

Written by

in

,

Веројатно не можете да се сетите кога последен пат сте напишале нешто само за своја душа. Некои дневници се вбројуваат меѓу најпознатите дела во светската книжевност. Пишувајќи се запознавате себеси, а ние ви нудиме уште 6 причини за да почнете да ги исполнувате овие магични страници.rnrn1. 6-prichini-poradi-koi-treba-da-pochnete-da-pishuvate-dnevnik-kafepauza.mkrnrnАко сте истражувале по старите ормани на вашите мајки и баби сигурно сте наишле на дневници полни со стихови. Многу пати во филмовите сме гледале дневници кои кријат многу тајни и подоцна го менуваат текот на животот. Тие навистина можат да бидат магични и во нив секогаш ќе имате најдобар пријател.rn

1. Спомени

rnСо пишувањето дневник ќе забележувате некои детали кои обично би ги заборавиле во морето од информации кои секојдневно ги добивате. Еден ден кога ќе ги отворите старите страници ќе се смеете сами на себе и повторно ќе уживате во случувањата и емоциите кои детално сте ги опишале, а читајќи ги одново ќе ги доживеете.rn

2. Увид во промените

rnПрелистувајќи наназад во дневникот ќе можете да ја забележите разликата помеѓу вашите карактеристики и ставови кои сте ги имале пред неколку години и оние кои ги имате денес. Некои работи и размислувања сигурно ќе ве насмеат, но од ретроспективата која ќе ја направите ќе можете многу да научите за себе. Ќе можете да забележите дали и колку сте напредувале или назадувале.rn

3. Пријател

rnМалата, убаво украсена тетратка понекогаш може да биде вашиот најдобар пријател. Со неа навистина ќе можете да споделувате и добро и лошо. Некои работи не сакате или не можете да ги споделите со никого. Поради тоа вашиот дневник ќе ви биде пријател кому секој ден ќе можете да му го „кажете“ тоа што ви се случило. Понекогаш е најважно да имате некого со кој ќе можете да бидете во тишина и каде што никој нема да ве осудува.rnrn2.-6-prichini-poradi-koi-treba-da-pochnete-da-pishuvate-dnevnik-kafepauza.mk_rn

4. Креативност

rnВо споменарот не мора да има само напишани редови. Вистина е дека на тој начин ќе ја вежбате својата писателска умешност, но напишаното секогаш може да се збогати со цртежи, стихови, украси, разни бои и слично. Можеби ќе сфатите дека имате некој талент за кој не сте знаеле дека постои.rn

5. Ослободување на товарот

rnКолку често сте биле во ситуација кога сте мислеле дека мозокот ќе ви експлодира од мислите? Кога во главата ви се случува хаотичен рој од мисли, најдобро е да се обидете проблемот да го претставите со една реченица. Така ќе ви биде појасно за што се работи. Плус, на овој начин нема да ја покажувате својата ранливост пред другите.rn

6. Трага за иднината

rnКако што вие сте ги читате дневниците на вашите баби и мајки и на тој начин сте дознале многу нешта за нив, така еден ден вие можете да им го подарите вашиот дневник на своите деца и на нивните деца. Тоа нека биде дел од вас кој ќе го оставите за иднината затоа што никогаш не знаете за што сè може да послужи.