КАФЕ ПАУЗА

17 нешта кои никогаш не би можеле да ги разберете без да ги искусите

Written by

in

,

Постојат нешта кои колку и да се трудиме, никогаш нема да можеме да ги сфатиме. Можеме да се обидеме да ги разбереме, но тие едноставно се надвор од нашите искуства и токму тоа ни ги прави недостижни. Па, како би знаеле какво е чувството да се биде заљубен ако никогаш не сме љубеле или пак, како се би чувствувале доколку ја најдеме нашата страст ако никогаш во животот за ништо не сме биле страсни?rnrn17 нешта кои никогаш не би можеле да ги разберете без да ги искуситеrn

1. Вистински неуспех

rnЕдно е да изгубите или да не ја постигнете вашата цел, но нешто сосема различно се случува доколку вложите сè што имате и работите едноставно се распаднат. Вистинскиот неуспех не е само загуба, туку е загуба на она што го посакувате повеќе од сè на овој свет.rn

2. Вистинска љубов

rnСкоро секој човек кој одел по површината на оваа планета дал сè од себе за да ја преточи љубовта во зборови, со цел да ја отслика доволно сликовито за оние кои никогаш не ја искусиле да можат да ја разберат. Но, досега никој не успеал.rn

3. Губење на љубена личност

rnЖивотот е неверојатно краток. Деновите, неделите, месеците, па дури и годините поминуваат додека трепнете, па кога ќе дојде тој момент да изгубите личност која ви значела сè на овој свет, чувството кое се појавува едноставно не може да се опише.rn

4. Ситуација од која не можете да избегате

rnБез разлика дали станува збор за физичка или психолошка злоупотреба, ова искуство можат да го разберат само оние кои поминале низ него. Сите можеме да се обидеме да замислиме како би било во оваа ситуација, но сфаќањето е надвор од нашите способности за разбирање.rn

5. Скршено срце

rnКолку што е магична и прекрасна љубовта, толку е ужасно скршеното чувство. Тоа е целосна спротивност на љубовта. Ова разочарување можат да го сфатат само оние кои го доживеале и е една од најинтензивните доживувања на човекот, па толку затоа многу тешко се надминува.rn

6. Гордоста да се биде родител

rnСигурно сте забележале како почнуваат да сјаат очите на родителите секој пат кога нивното дете ќе постигне нешто. Дури и да станува збор за нешто многу мало.rn

7. Откривање на вашата страст

rnФокусот. Гладот. Поривот. Многу лесно се разбираат чувствата кои се поврзуваат со страста во животот, но како би можеле да ја разберете самата страст доколку не ја почувствувате самите?rn

8. Макотрпното работење за постигнување на вашите соништа

rnДури и кога гледаме колку е тешко, колку пати сме паднале и повторно сме станале, но и колку пати сме биле на работ од откажувањето, сепак има нешто што продолжува да нè турка нанапред. Токму тоа чувство на продолжување е она кое мора да го доживеете за да го разберете.rn

9. Неприпаѓање

rnНекои луѓе се социјални пеперутки и можат да се вклопат во кое било друштво, но некои едноставно не знаат како. Дел од овие луѓе се интроверти, осаменици. Но, некои од нив не знаат како да се однесуваат со другите луѓе. Неможноста да се најде место во светот каде што навистина припаѓате е едно од најуникатните депресивни чувства кои постојат.rn

10. Немањето вистински пријатели

rnПостојат многу луѓе кои немаат вистински пријатели, кои едноставно не можат да се потпрат на своите познаници. Тие никогаш немаат рамо за плачење, ниту пак можност за гледање на светот од повеќе перспективи.rn

11. Работа која ја презирате

rnНа почетокот секој би рекол дека може да работи сè доколку му се потребни пари, но многу брзо почнувате да сфаќате дека оваа работа ви влијае негативно психолошки. Па, почнувате да се тешите дека вреди за парите или за вашето слободно време, но на крајот од денот работата која ја презирате ќе ве изеде однатре.rn

12. Живеење на животот кој го сакате

rnДоколку долго време водите живот од кој не сте задоволни, вие со тек на време толку многу ги намалувате вашите очекувања што тие скоро и да не се забележуваат. Но, доколку сте доволно мудри и среќни да си создадете живот на кој се гордеете, тогаш олеснувањето кое ќе го почувствувате воопшто не може ни да се опише со зборови.rn

13. Брачна понуда

rnБез разлика дали вие сте оној кој запросува, или пак вие сте оние кои ја добиле понудата за брак, чувството можат да го разберат само оние кои го доживеале. Велат дека одеднаш времето околу вас забавува и тогаш сфаќате дека сте ја нашле љубовта со која сте подготвени да живеете до крајот на вашиот живот. Тоа мора да е возбудливо.rn

14. Сфаќањето дека залудно сте потрошиле X години од вашиот живот

rnНе сè што се случува, се случува со причина. Всушност некои луѓе и ќе ви кажат дека не постои причина за ништо. Но, тоа не значи дека не можеме да учиме од нашите грешки. Можете да правите илјадници нешта со вашиот живот додека ја барате вашата страст, но стоењето во место е нешто што кога-тогаш ќе направи да се чувствувате лошо.rn

15. Сфаќањето дека сте направиле ужасна грешка која ќе ви го смени животот, но која не може да биде промената

rnСите правиме грешки, некои помали, други поголеми и ако не можете да ги смените тогаш едноставно нема потреба да се опседнувате со нив. Но, она на што треба да обрнете внимание е да не ја повторите грешката повторно.rn

16. Моментот кога му доаѓа крај на вашето време

rnНе сите имаат шанса да знаат кога нивниот живот ќе заврши, но оние кои ја имаат оваа шанса имаат уникатна можност да го доживеат животот од почеток и во целост.rn

17. Она што доаѓа понатаму…

rnДоколку имате можност да добиете одговор на само едно прашање, кое било прашање, 99% од луѓето на планетата ќе сакаат да знаат што доаѓа по смртта. Имајќи го ова на ум, половина од нив сигурно нема да имаат храброст да прашаат. Она што доаѓа (ако доаѓа) по животот е една од најголемите човекови мистерии. Но, нема потреба од брзање. Со тек на време сите ќе дознаеме, се согласувате?