Психолошки тест: Дали сте себични во љубовта и животот?

Психолошки тест: Дали сте себични во љубовта и животот?

Одговорете искрено на овие прашања и откријте дали сте од оние личности кои во љубовта и животот секогаш даваат за нешто да добијат, од оние кои гледаат само за своето задоволство или пак, во вашиот живот постои баланс помеѓу она што го добивате и овозможувате на другите. Постапката е едноставна, пронајдете ги одговорите кои се најблиску до вашето однесување и размислување, соберете ги нивните бодови и откријте во која група припаѓате…

Психолошки тест: Дали сте себични во љубовта и животот?

1. Ако се случи вашиот сосед или пријател да оди во болница, вие:

а) Му праќате порака со желба за побрзо оздравување (5)

б) Веднаш одите да го посетите (10)

в) Планирате да го посетите, но тоа најверојатно нема да го сторите (0)

2. Кога идете на шопинг, имате ли обичај да купите некоја ситница за вашите пријатели?

а) Да, многу често (10)

б) Не (0)

в) Понекогаш (5)

3. Се враќате дома со вашиот автомобил и забележувате дека вашиот сосед оди по дожд:

а) Застанувате и му велите да влезе во вашиот автомобил (10)

б) Го поздравувате додека го одминувате (0)

в) Застанувате, но се молите да не го намокри вашето седиште (5)

4. На работа некој направил голема грешка, а вие:

а) Се трудите да помогнете, но така што ќе му дадете на шефот до знаење дека не била ваша грешката (5)

б) Се трудите да помогнете да се поправи грешката пред вашиот надреден да дознае (10)

в) Нека си се снаоѓаат оние кои направиле грешка… (0)

5. Дали некогаш ве погодува кога некој нема да ви каже „благодарам“ за извршената услуга?

а) Не (10)

б) Понекогаш (5)

в) Да и ќе помните нареден пат да не им правите услуги на неблагодарниците (0)

6. Дали се буните кога забележувате дека ве искористуваат?

а) Понекогаш, бидејќи не се грижите доколку тоа се случува (5)

б) Да (0)

в) Не (10)

7. Дали сакате да работите во тим составен од рамноправни улоги?

а) Да (10)

б) Не, затоа што мислите дека е важно некој да биде водач (5)

в) Да, само ако јас сум водачот! (0)

8. Партнерот сака да гледате филм за кој знаете дека нема да ви се допадне:

а) Ќе направите сè што можете да уживате таа вечер и ќе му/ѝ предложите следен пат вие да одберете филм (5)

б) Без проблем ќе го гледате филмот (10)

в) Ќе го/ја замолите да одберете некој друг филм во кој и двајцата ќе уживате (0)

9. Забележувате дека во последно време вие сте оние кои секогаш им ѕвонат на пријателите. Вас никој не ве бара:

а) Не ве погодува ова и ќе си продолжите по старо (10)

б) Ќе им се јавите, но ќе им дадете до знаење дека е добро следен пат они да ви се јават (5)

в) Ќе престанете со комуникација, бидејќи тоа не е вистинско пријателство (0)

10. Дали донирате во добротворни цели?

а) Редовно (10)

б) Понекогаш (5)

в) Не (0)

11. Пријателите ви купиле книга за која знаат дека многу ќе ви се допадне:

а) Непријатно ви е бидејќи знаете дека ќе морате да возвратите со исто толку добар подарок (10)

б) Ќе им се заблагодарите (5)

в) Ќе ги прашате што се крие зад тој гест (0)

  • Резултати:

    Од 0 до 36 бодови:

    Вие сте задоволни само тогаш кога земате. Сакате да добивате подароци и внимание од другите луѓе, но ви е тешко доколку треба некому да му помогнете. Тоа е за вас губење време, бидејќи сте си самите на себе најголемата преокупација. Животот би ви бил многу поисполнет кога би се потрудиле понекогаш и вие некому да му приредите задоволство од кое немате никаква корист. Помогнете некому или подарете нешто без повод. Пробајте, не е толку страшно како што вам ви изгледа.

    Од 35 до 75 бодови

    Имате многу здрав баланс помеѓу односот земање и давање. Но, одвреме-навреме треба да се запрашате во која мера давате само затоа што чувствувате обврска да возвратите откако нешто сте добиле. Ако тоа се случува често, мотивите ви се многу себични. Обидете се да дадете и кога единствената награда за вас е тоа што знаете дека сте ја направиле вистинската работа.

    Од 80 до 110 бодови

    Способноста да се прима е исто толку важна како и онаа да се дава. Но, вие сте спротивна крајност. Секогаш давате, но не сакате ништо да добиете. Најверојатно сте од оние луѓе кои не знаат да прифатат комплимент или подарок. Вие сами на себе си ја доделувате улогата на жртва и им овозможувате на сите она што им е потребно, па дури и непотребно, а притоа се запоставувате себе. Потрудете се со еднакво задоволство како давањето и да го прифатите она што другите ви го подаруваат. Исто како вас, така и тие имаат задоволство од давањето.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар