Магијата на брановите
Брановите носат некоја магија во себе, која внесува спокојна тишина во нашата душа и истовремено ги разбранува нашите емоции и страсти. Тие постануваат уште помистични и поволшебни, кога дигитално ќе се обработат со совршени сенки и бои.За овие ремек-дела е „виновен“ американскиот фотограф Дејвид Ориес, кој нема никакво образование поврзано со уметност, дизајн или фотографија. Тој го открил својот талент и стил преку експериментирање, учење од други фотографи и гледајќи во разни фотографии на интернет.Неговите творби ги карактеризираат интензивни и живописни бои, кои се постигнуваат со одредени подесувања на фотоапаратот, утринско светло, долга експозиција и минимална манипулација со боите во Фотошоп. Тој за себе вели:
„Како ‘дете на дигиталната ера’, јас не го поминувам моето време во темна соба со разни хемикалии, туку во темна соба седнат пред компјутерскиот монитор“.
Неговите фотографии се направени повеќе случајно, отколку плански. Што се однесува до идејата за фотографирање бранови тој вели:
„Како прво, тоа не сум јас на даските за сурфање на бранови. Никогаш во животот не сум стапнал на даска…“
„Страст за фотографирање ми создава невообичаената светлина и моите обиди да создадам слики кои не можат да се видат со ‘голо око’“.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.