КАФЕ ПАУЗА

Љубоморни сте што тој гледа во друга жена? Не треба да бидете, а еве и зошто…

Без разлика колку жената е привлечна и самоуверена, само еден поглед во правец на друга жена има моќ да предизвика лавина од љубомора кај неа. Иако постојат такви кои ќе го премолчат тоа, голем дел од жените си мислат „Сигурно мисли дека таа е поубава и позгодна од мене“. Но сепак, мажите тврдат дека тоа не е вистина.rnrnItalian man is looking another sexy woman at restaurantrnrnВсушност, мажите гледаат во други жени само затоа што не се слепи. Тоа што се во врска не значи дека ја изгубиле смислата за убавo. И тоа е сѐ.rnrnИако понекогаш помислуваат дека девојката која ја виделе на поминување е поатрактивна од нивната партнерка, за чудо, тоа на мажите не им е важно. Со самото тоа што ве избрал вас, а не неа, значи дека ви е посветен вам.rnrnИсто така, постои уште едно нешто што, според мажите, жените треба да го знаат – штом погледнат згодна девојка како поминува покрај нив не значи дека ќе фантазираат за неа во следните пет дена. Најчесто тие жени им испаруваат од главата уште откако ќе се разминат – што значи, престанете да се мачите и уживајте во врската затоа што навистина немате причина за нервози.