Како настинката навистина се пренесува?
Еден од водечките истражувачи Рон Еклс изјавил дека настинката не треба да застане на патот на романсата бидејќи таа не може да се пренесе преку бакнеж. Професорот Еклс тврди дека вирусот се пренесува преку слузта, а не преку плунката. Токму затоа поголеми се шансите да се заразите доколку личноста која е настината ја држите за рака отколку кога се бакнувате. Всушност рацете се најголемите преносители на вирусот.
Истражувањето покажало дека и до 21% од оние кои биле настинати откажувале љубовни состаноци од страв да не ја заразат другата личност, додека пак петина од испитаниците изјавиле дека не би спиеле во ист кревет со партнер кој е настинат. Професорот Еклс вели дека обичниот вирус за настинка патува низ слузта од респираторниот систем, па токму затоа не може да дојде во допир со плунката што ни укажува на фактот дека бакнежите не се заразни. Тој исто така додал и дека вирусот се пренесува со раце бидејќи настинатите често кога киваат или кашлаат ја прекриваат устата со нивните дланки и на тој начин дел од исфрлената слуз се закачува за нив.
Ова истражување покажало дека луѓето немаат многу разбирање кога станува збор за обична настинка бидејќи се плашат да не се заразат, а не се доволно информирани за начинот на кој вирусот навистина се пренесува. Токму затоа за да го спречите ширењето на настинката мијте ги редовно рацете и слободно бакнувајте го вашиот партнер бидејќи бакнежите се целосно безопасни.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.