10 типови родители кои сите сакаме да ги мразиме

10 типови родители кои сите сакаме да ги мразиме

Кога некои луѓе стануваат родители добиваат нешто кое ги прави одбивни за другите. Ова се 10 типови од нив.

10 типа родители кои сите сакаме да ги мразиме

1. Невнимателниот родител. Тоа е мајката која е толку зафатена со пиење на своето кафе што не може да види дека нејзиното дете почнало да ги тепа сите по ред.

2. Оправдувачкиот родител. Таткото кој оправдува сè што ќе направи неговото дете, истакнувајќи дека тој е сè уште мал и дека и тој ги правел истите работи на таа возраст. А за тоа време неговото дете прави само глупости кои очигледно многу им пречат на другите.

3. Намуртениот родител. Оној кој го грабнува детето кај себе изгледајќи како да сака да направи нешто страшно и потоа го опсипува со прегратки и бакнежи за да не изгледа како да сака да го „дисциплинира“.

4. Родителот кој сака да се фали. Сите треба да знаат дека нивното дете рано научило да чита, проодело пред сите други, прозборело пред сите други, најдобро е на училиште, најдобро игра фудбал…

5. Гневниот родител. Сите се лутат одвреме-навреме, но тој постојано е лут. Не му треба многу за да се налути и да вика по своето дете.

6. Брендираниот родител. Тој носи само брендирана облека, користи и други брендирани предмети, а детето нема избор – и тоа мора така. Тој родител сака сите да видат дека неговото дете го користи овој или оној бренд.

7. Родителот кој дигнал раце. Не успеал да всади дисциплина и култура кај детето, па дигнал раце од него затоа што така е полесно. Понекогаш се преправа дека не гледа што се случува, па дури им вели на другите сами да се справат со него.

8. Одбојниот родител. Тој „знае“ сè и затоа не му е потребна никаква помош од другите. Затоа е одбоен.

9. Отсутниот родител. Тој постојано има некаква работа и не може да се стави на располагање на своето дете. Затоа треба вие или некој друг близок да му завршите некои работи поврзани со родителството.

10. Лажливиот родител. Тој лаже за работи поврзани со неговите деца само за да изгледа добро пред другите луѓе. Не сфаќа дека таквото однесување нанесува штета на децата.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

  1. Just sayin' Reply

    Најлошо е кога повеќе од овие родители ќе се спојат во еден ист…

Остави коментар