КАФЕ ПАУЗА

Симптоми на труење со негативна енергија (и како да се излечите!)

Written by

in

,

Дали некогаш сте се почувствувале како темен облак да ви го скрил сонцето во вашиот живот? Дали понекогаш ви е тешко да се ослободите од негативните емоции? Сите ние сме минале низ ваков период во својот живот, и понекогаш сè што ни е потребно е мала помош за да се вратиме на сопствениот пат.rnrnrnrnВо продолжение следуваат знаците дека негативна енергија го блокира светлото во вашиот живот, како и начините на кој можете да си помогнете да се извлечете од сенката…rn

    rn 011

  • Повеќето луѓе ве нервираат или ве вознемируваат
  • rn 011

  • Повлечени сте
  • rn 011

  • Не се гледате со луѓето што ги сакате
  • rn 011

  • Доживувате непријатни ситуации
  • rn 011

  • Вашата куќа изгледа темно и постојано е неуредна
  • rn 011

  • Чувствувате дека другите не ве ценат доволно
  • rn 011

  • Се чувствувате уморно и тажно
  • rn

rnДоколку чувствувате барем еден од овие симптоми, тоа е знак дека сте обвиени со негативна енергија. Во колку повеќе точки се најдовте, толку е подебел нејзиниот слој. Но, не грижете се. Со помош на следниве совети можете брзо и едноставно да си помогнете.rn

1. Средете го вашиот животен простор

rnДали сте знаеле дека просторот во кој минувате најмногу време ја одразува и вашата внатрешност? Со други зборови, ако вашите домови, спални соби, автомобили и работни простори се неуредни и хаотични, тогаш нема сомнеж дека со вас владее негативна енергија. Колку повеќе време поминувате во ваква околина, толку полошо се чувствувате.rnrnОд друга страна пак, кога просторијата е уредна, чиста, топла, светла и пространа, едноставно нема да можете да не се чувствувате сигурно и задоволно. Токму затоа и средувањето на вашиот животен простор е еден од најдобрите начини да си го средите и животот и да се ослободите од негативната енергија.rn

2. Поминувајте повеќе време со луѓето што ве прават среќни

rnСите луѓе имаат свое „енергетско поле“ што можете да го почувствувате во истиот момент кога сте во нивна близина. Доколку сакате да го ослободите својот живот од негативната енергија, важно е да минувате што повеќе време со позитивни луѓе, а да ги избегнувате оние што ве полнат со непријатности, грижи и други лоши чувства.rn

3. Научете да се ослободите од негативните емоции

rnНегативната енергија се храни со негативните емоции. Сосема е во ред ако одвреме-навреме се чувствувате тажно, луто или фрустрирано. Но, проблемот настанува кога не се обидувате да се справите со овие емоции па тие почнуваат да гнијат во вас, правејќи ви го секој ден полош од претходниот.rnrnЗа да се справите со овој проблем, најпрво мора да научите како да ги прифатите своите емоции во целост, без разлика колку лошо ви делуваат, а потоа чекор по чекор, да најдете начин како да се соочите со нив и да ги надминете. Па, наместо да им дозволите да ви го контролираат животот, станете господар над својот ум и научете се како да реагирате во негативните ситуации.rnrnПрочитајте и како да се заштитите од луѓе кои зрачат со негативна енергија.