Понекогаш ние луѓето сме големи шампиони кога станува збор за срамни ситуации. Особено во оние ситуации кога најмалку можеме да се справиме со нив. Кога тоа се случува единственото нешто што ни преостанува е да се надеваме дека работата побрзо ќе заврши и покрај тоа што секоја секунда ни изгледа како часови и единствениот спас би ни бил земјата да се отвори и да нè голтне.
rn
Започнувате разговор во група и сфаќате дека никој не ве слуша
rnВие сте дел од поголема група луѓе и разговарате на некоја тема. Одеднаш имате нешто да кажете и почнувате да зборувате, но неколку секунди подоцна сфаќате дека никој не ве слуша и дека тие продолжиле да зборуваат едни со други, исто како да не сте прозбореле воопшто.rn
Раскажувате смешна приказна која ќе испадне дека не е воопшто смешна
rnВие прераскажувате многу смешен момент, но како што пристигнувате до крајот на приказната сфаќате дека оваа ситуација и не е толку смешна кога се зборува за неа. Ова секогаш се случува кога зборувате во поголема група луѓе, каде што сите очи се насочени кон вас, во исчекување на добра приказна.rn
Кога луѓето ви пеат „Среќен роденден“
rnЗарем има понепријатно чувство од тоа да бидете во центарот на вниманието додека сите ви ја пеат роденденската песна? Вие едноставно не знаете што да правите. На каде треба да гледате? Што да правите со вашите раце? Дали и вие треба да пеете? Дали да се смеете? Или да плачете? И одеднаш сфаќате дека се молите песната да заврши побрзо…rn
Влегување во тоалет додека некој веќе има таму
rnНе само што вие ќе бидете засрамени во оваа ситуација, туку ќе ја засрамите и личноста која веќе се наоѓа таму.rn
Кога не можете да слушнете што зборува вашиот соговорник
rnДоколку не разберете нешто, многу јасно е дека ќе го замолите вашиот соговорник да повтори. Но, доколку тоа се случува постојано, вам почнува да ви станува непријатно и во еден момент кимнувате со глава велејќи „Да, да…“ иако воопшто не разбирате што ви зборува. Работите стануваат уште почудни кога соговорникот ќе ви каже: „Тоа не беше прашање од типот ‘да или не’.“rn
Кога не можете да се сетите на некого
rnКога станува збор за непријатни ситуации, оваа би била една од најнепријатните. Замислете личност која ви пристапува и ве поздравува. Ви изгледа дека оваа личност знае точно кои сте и како се викате, но вие не само што не можете да се сетите на нејзиното име туку не се сеќавате воопшто ни на нејзиниот лик.rn
Кога ќе се сетите на непријатен настан
rnГо знаете оној момент кога ќе се сетите на нешто што сте направиле пред многу години и сите мускули на вашето тело ќе се затегнат? Понекогаш сè што е потребно е само едно лошо сеќавање…rn
Кога ќе го згрешите текстот на песната
rnВие пеете со ентузијазам покрај вашите пријатели и познаници, но одеднаш ги грешите зборовите и добивате чуден поглед од сите околу вас. Ова секогаш се случува кога ќе се пофалите дека ги знаете сите зборови на песната!rn
Пуштате смешно видео кое другите не го гледаат така
rnИли пак, кога ќе ви покажат видео кое би требало да биде смешно, но вас едноставно не ви е. И додека го гледате, личноста која ви го покажала зјапа во вас со насмевка на вашето лице, чекајќи да ја види вашата реакција.rn
Кога поместувајќи се во столицата ќе направите звук на прдеж
rnЗамислете ја следнава ситуација. Вие сте дел од поголема група луѓе, разговарате на одредена тема и барајќи поудобна позиција на вашето столче, одеднаш се слуша силен звук кој наликува на прдеж и сите луѓе инстантно го вртат погледот кон вас. Од овој момент па натаму никако не можете да ги убедите останатите дека столчето било виновно, а не вие и колку и да се обидувате да го направите истиот звук повторно, едноставно нема да ви успее!rn
Тргнувате по ист пат со личноста со која само што сте се збогувале
rnСе сретнувате со личност која ја познавате, си велите здраво, правите мал разговор и потоа се збогувате. Но, проблемот настанува кога и двајцата ќе тргнете во иста насока. Ова е најлоша ситуација кога станува збор за личност која не ја познавате доволно добро или пак, кога сакате да избегате од него/неа.rn
Кога некој ќе ве фати во лага
rnФатени сте на дело. Нема бегање.rn
Кога случајно ќе плукнете некого за време на зборувањето
rnВие разговарате со одредена личност и одеднаш една ситна капка плунка излетува низ вашата уста. И двајцата го игнорирате овој настан, но знаете дека не поминало незабележано…rn
Мавтање кон личност која не ја знаете
rnИзгледа дека сте се препознале и личноста која оддалеку ја поздравувате не е онаа која вие сте мислеле дека е. Или пак, кога мислите дека вам ви мавтаат и вие го возвраќате овој поздрав, но набрзо откривате дека тој бил наменет за личноста позади вас.rn
Исклучување за време на разговор
rnВи се случило ли некогаш да се исклучите за време на разговор и потоа очајно да се обидувате да се вклучите во разговорот без да покренете сомнеж кај соговорникот дека не сте го слушале. Тој/таа чека одговор на прашањето кое го поставиле, но вие што и да кажете нема да ви помогне во целта да го скриете вашето невнимание.rn
Кога постојано налетувате на истата личност
rnКога сте во маркет се случува да налетате на познаници, да направите краток разговор и да си продолжите по својот пат. Потоа повторно налетувате на нив и се смеете, па повторно и се обидувате да направите шега и одеднаш почнувате да ги забележувате во далечината со цел да ги избегнете дополнителните средби.rn
Неуспешно разминување
rnСлучајно се наоѓате на патот на друга личност, па се поместувате лево-десно и двајцата со цел да се избегнете, но изгледа дека постојано сте си меѓусебно на пат.rn
Кога вашиот стомак прави бука во тивка просторија
rnТокму во оној момент кога просторијата во која се наоѓате е неверојатно тивка, вашиот стомак ќе испушти силни и непријатни звуци кои ќе го привлечат целото внимание кон вас. И колку повеќе се трудите да ги смирите, толку поинтензивни ќе станат… Страшно, се согласувате?
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

