Креативен артистички начин да ја запросите вашата девојка
Постојат многу начини да се постави едно од најважните прашања во животот на мажите и за среќа или за жал, одговорот на девојките не зависи од начинот на кој ќе го изведете тоа. Сепак, доколку се потрудите да бидете креативни, таа не само што ќе сака да ја потврди вашата љубов туку и ќе го запамети настанот за цел живот. Секако и вие.
Артистот Бен Зуравски ги прави овие неодоливо слатки скицирани анимации во тетратка кои завршуваат со прстен или го поставуваат прашањето: „Ќе се омажиш ли за мене?“ Откако девојката ќе ја изгледа „живата“ анимација пред своите очи, несомнено дека во истиот момент ќе стане вереница на момчето спроти неа.
Бен неодамна, токму на овој начин ја запроси својата девојка, а доколку неговиот стил ве инспирира, погледнете го неговиот профил на Etsy.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.