Среќни парови ги опишуваат меѓусебните чувства без да го спомнат зборот „љубов“

Среќни парови ги опишуваат меѓусебните чувства без да го спомнат зборот „љубов“

„Стави го срцето на хартија“ е кампања на „Холмарк“, компанија која што продава картички и честитки. Св. Валентин е поводот да снимаат неколку среќни парови барајќи од нив да ги опишат чувствата кои ги имаат еден за друг, ама притоа ниту еднаш да не го употребат зборот љубов. Од тоа што може да се види како резултат, сфаќаме дека љубовта може да се искаже на многу начини дури и без да се каже „те сакам“.

Ова се дел од изјавите на двојките.

Роб и Кристен: „Имам пеперутки по целото тело само што ќе помислам на Роб.“

(2) Srekjni-parovi-gi-opishuvaat-megjusebnite-chuvstva-bez-da-go-spomnat-zborot-ljubov-www.kafepauza.mk

Боб и Ким: „Велат дека ‘двајцата стануваат едно’. Ние го сторивме тоа.“

(3) Srekjni-parovi-gi-opishuvaat-megjusebnite-chuvstva-bez-da-go-spomnat-zborot-ljubov-www.kafepauza.mk

Адам и Емили: „Кога го гледам, чувствувам дека светот пак е совршен.“

(4) Srekjni-parovi-gi-opishuvaat-megjusebnite-chuvstva-bez-da-go-spomnat-zborot-ljubov-www.kafepauza.mk

Кери и Герет: „Кери е мојот живот. Таа е неговиот темел. Без неа сè ќе се распадне.“

(5) Srekjni-parovi-gi-opishuvaat-megjusebnite-chuvstva-bez-da-go-spomnat-zborot-ljubov-www.kafepauza.mk

Карлос и Габи: „Живеам за нејзината среќа.“

(6) Srekjni-parovi-gi-opishuvaat-megjusebnite-chuvstva-bez-da-go-spomnat-zborot-ljubov-www.kafepauza.mk

Во продолжение следува видео од Хирам и Фелисита. Останатите побарајте ги на нивниот Јутјуб канал.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар