КАФЕ ПАУЗА

12 работи за тестисите кои секој маж треба да ги знае

12 работи за тестисите кои секој маж треба да ги знае

Доколку имавте некои дилеми за најосновните работи поврзани со тестисите, понатамошниот текст ги содржи објаснувањата.rnrn12 работи за тестисите кои секој маж треба да ги знаеrn

1. Тестиси и „јајца“ не е исто

rnТерминот „јајца“ се користи за да се опише целиот „пакет“ од тестисите, каналите и скротумот, односно кесата во која се сместени. Тестисите се само двата јајцевидни органи задолжени за производство на тестостерон кој е одговорен за сите машки функции во организмот вклучително и за создавање на спрема.rn

2. Големина и позиција

rnДвата тестиса обично се со различна големина и не се поставени еден до друг. Речиси секогаш едниот е поставен повисоко, а другиот пониско или еден зад друг. Кај повеќето мажи десниот најчесто е поголем, а левиот е тој што стои пониско. На допир се мазни и не многу тврди.rn

3. Болка во тестисите

rnДоколку тестисите отечат и тоа е проследено со болка, веднаш треба да посетите лекар. Тоа може да значи дека се извртени внатре во скротумот. Ова може да се реши со мала хируршка интервенција. Тоа може да се случи откако тестисите претрпеле некакво малтретирање, но може да им се случи и на мажи кои така се родени, односно нивните тестиси полесно ја менуваат позицијата. Исто така, потребно е да се јавите на лекар при какво било друго отекување или воспалување.rn

4. Мажите може да имаат повеќе од два тестиси

rnОва е екстремно ретка ситуација, но се случува. Досега се познати 100 вакви случаи, а рекордерот меѓу нив имал вкупно пет тестиси. Тоа немало никакво влијание на плодноста.rnrn12 работи за тестисите кои секој маж треба да ги знаеrn

5. Нерамнини и грутки

rnПостојат повеќе причини кои предизвикуваат нерамнини кај тестисите и тие најчесто се безопасни. Најчесто тоа е проширена вена, којашто може да биде болна и да предизвика болка, но може да биде и сосема безопасна.rnrnМожно е да почувствувате и некакви грутки. И тие најчесто се безопасни, но во отприлика 4 од 100 случаи тоа претставува рак и затоа не треба да се занемари. Поради ова се препорачува посета на лекар во секоја ситуација во која ќе почувствувате дека имате нешто вишок.rn

6. Како да се зачува плодноста?

rnЗа зачувување на плодноста доволно е избегнување на причините кои ја загрозуваат. Познато е дека алкохолот и цигарите се виновни за влошување на квалитетот на спермата, а и стресот и прекумерната тежина исто така можат да предизвикаат проблеми на ова поле. Секако, и добрата хигиена е задолжителна. Потребно е да се внимава и на температурата на тестисите. Активностите како возење велосипед можат малку да го намалат квалитетот на спермата поради загревањето кое го предизвикуваат, но тоа не е значително.rn

7. Тие може да се движат

rnМалите придвижувања на тестисите се причинети од циркулирање на крвта. Тие се чувствителни на температура, па затоа мускулите таму долу прават сè што можат за ним да им биде попријатно. Постои еден мускул којшто може целосно да го помести скротумот нагоре или надолу кога тоа е потребно. Ова особено е видливо за време на сексуален однос кога тестисите одат нагоре како дел од процесот на ејакулација.rn

8. Зошто се надвор од телото?

rnНема сигурно објаснување, но она најверојатното е дека ним им е потребна температура за три степени пониска од онаа на телото за добро да функционираат. Се претпоставува дека причината за тоа може да биде и тоа што сперматозоидите не се целосно разбудени додека не стигнат некаде каде што е потопло, па тоа е обидот на телото да ги држи заспани и живи што е можно подолго.rnrn12 работи за тестисите кои секој маж треба да ги знаеrn

9. Човекот има мали тестиси

rnМажите имаат некои од најмалите тестиси помеѓу сите видови. Се претпоставува дека тоа е случај поради тоа што конкуренцијата за парење во човековиот свет е помала во споредба со таа кај животните.rn

10. Се зголемуваат за време на секс

rnИсто како што пенисот се зголемува поради крвта која влегува во него при сексуална возбуда, така и тестисите можат да се зголемат. Доколку зголемувањето и намалувањето се случува и во други случаи, тоа треба да се пријави кај лекарот.rn

11. Зошто ќесата изгледа згужвано?

rnТестисите се мазни, но ќесата не е поради еден мускул кој се наоѓа на нејзиниот внатрешен дел. Тој мускул се грижи за температурата, а помага и при движењето. Постојат мажи кои поради естетски причини сакаат да го „измазнат“ и овој дел, интервенирајќи на овој мал и многу важен мускул.rn

12. Редовна проверка за рак

rnДома самите со допир можете да проверите дали имате некои грутки кои може да претставуваат рак. Лекувањето на рак на тестиси обично е успешно, а кога е откриен рано тој се лекува во над 90% од случаите. Редовните проверки се клучни за навремено третирање на проблемот.