Најдобрите фудбалски совети од Мурињо во „Top Eleven 2015“, новата верзија од најпопуларната видео игра, сега достапна и на IOS и Андроид
„Top Eleven Be a Football Manager“ (единаесетте најдобри – биди фудбалски менаџер), светски најпопуларната онлајн крос-платформа за спортски видео игри, денес ја лансира верзијата 2015 која е достапна на IOS и Андроид. Играта има 100 милиони регистрирани корисници од целиот свет, со 10 милиони активни месечни корисници.
Креирана од компанијата „Nordeus“ новата верзија може паралелно да се игра на мобилните уреди и на веб, на насловната страна е менаџерот на Челзи, Жозе Мурињо, а играта им овозможува на играчите да го одберат својот фудбалски клуб, да контролираат сè, од тактиката на својот тим, трансферите на клубот, па до финансиите и исполнетоста на стадионот.
Корисниците се регистрираат преку Фејсбук и ги предизвикуваат нивните пријатели или други играчи да се натпреваруваат во различни фудбалски шампионати, пријателски и куп натпревари, со можност се искачат на врвот во светот на менаџерите, зголемувајќи го сопственото искуство и статусот на нивниот клуб. Уште повеќе, менаџерот на Челзи самиот ќе им даде на новите корисници инструкции и упатства во играта, ќе ги сподели своите совети и тактички знаења, за да им помогне на играчите да ги зголемат своите менаџерски искуства и да се искачат на врвот.
Фановите на видео играта „Top Eleven 2015“ ќе ги пречекаат новите промени, со подобрувања на корисничкиот интерфејс, како и во графиката, во напредокот во самата игра, и во преговорите за трансфер.
Што е ново во Top Eleven 2015?
Подобрените функции вклучуваат:
- Нови анимации, 3D дизајн и подобрен кориснички интерфејс што ќе овозможи извонредно реално искуство.
- Натпреварот е како огледало на акцијата на теренот, давајќи ѝ на играта вистинска и жива атмосфера.
- Преговарањето трансфер на играчите сега е потешко.
- Редизајниран е делот во играта за помош, трофеј собата и многу поедноставни се менијата.
- Многу побрза е обуката на играчите и нивната селекција.
- Оптимизираната верзија за таблет корисници, овозможува подобра графика и 3D анимации.
Жозе Мурињо, менаџер на Челзи и амбасадор за „Top Еleven“ изјави: „Менаџирањето со фудбалот е работа на многу љубов и страст за фудбалот. Но, за да се стане навистина успешен, исто така треба да се знае сопствениот тим, многу да се мисли и секако да се надмудрат конкурентите. Видео играта на ‘Nordeus’ не е ништо поразлично од тоа, и токму поради тоа и јас сум возбуден што сум вклучен во ‘Top Eleven’ – играта е одличен пример за тоа како совршено се вклопуваат тим менаџментот, вештините и страста.“
Корисниците играјќи лесно може да се префрлат од нивниот смартфон на нивниот таблет, и да продолжат со истата игра како досега, без губење на напредокот.
Играта може бесплатно да се симне и е достапна на IOS и Андроид од денес.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.