Автор: Сара ТурановиќrnrnВо текот на празниците постојано е актуелно уредувањето на домот во склад со сезоната. Притоа венецот за на врата е задолжителен елемент кој не смеете да го заобиколите, особено пред Божиќ. Ви предлагаме како да направите едноставен и евтин венец во снежно бела боја. Можете да го правите во друштво на вашите деца, за нив тоа ќе биде забавно, но и поучно.rnrn
rn
Потребен материјал:
rn
- rn011
- Гранки долги околу 1 метар (на нив може да има суви лисја)
- Бел спреј
- Бел сјај
- Украсна лента долга околу 1 метар
- Шишарки
- Лепак, ножици, коноп
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn
rn
rnrnОд гранките направете венец. Испреплеткајте ги меѓусебно, но за поголема сигурност зацврстете ги со коноп или жица.rnrn
rnrnИспрскајте со бел спреј, а додека спрејот е свеж напрскајте и сјај. Потоа повторете ја истата постапка со шишарките. Кога ќе се исушат шишарките, залепете ги на венецот. Шишарките со различна големина ќе му дадат супер текстура.rnrn
rnrnНа крај ви останува да го закачите на вашата врата.rn
Бонус интересен предлог
rnСè што ви е потребно е закачалка, шишарки, бел спреј и лепак. Свиткајте ја закачалката како што е покажано на сликата. Испрскајте ги шишарките со бел спреј и оставете да се исушат. Залепете ги и ставете украсна машна на врвот.rnrn
rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.