КАФЕ ПАУЗА

Најубавите новогодишни елки ширум светот

Најубавите новогодишни елки ширум светот

Новогодишните елки имаат долга и богата традиција, но како што минува времето, луѓето наоѓаат сè понови и покреативни начини да го претстават значењето на божиќното дрво. Во модерно време ни се чини дека забораваме што всушност означува елката и луѓето просто се натпреваруваат кој ќе ја накити подобро, побогато, пооригинално.rnrnНо, што ако светски најпознатите градови и места влезат во трката за најубава елка? Тогаш станува збор за голема конкуренција. Ова се дел до најубавите елки ширум светот кои ќе направат да ја гледате вашата елка дома со сосем поинакви очи.rnrnНајубавите новогодишни елки ширум светотrn

1. Рио де Жанеиро, Бразил

rnОваа новогодишна елка во вториот по големина град во Бразил плови над каналот Родриго џе Фреитас. На сликата се прикажани огнометите од неговото прво претставување на јавноста, но да бидеме искрени и без огнометите изгледа величествено. Секоја година оваа елка симболизира различни нешта, а оваа година беа одбрани сонцето, месечината и ѕвездите како симболи за светлината во животот на луѓето.rnrnНајубавите новогодишни елки ширум светот Најубавите новогодишни елки ширум светотrn

2. Рокфелер центарот во Њујорк

rnУште од 1933, секоја година на Рокфелер во Њујорк се поставуваат величествени новогодишни елки. Околу 45.000 светилки го осветлуваат ова дрво на официјалната церемонија на неговото поставување секоја година, придружено со концерт во живо.rnrnНајубавите новогодишни елки ширум светотrn

3. Плоштадот Трафалгар во Лондон

rnСекоја година плоштадот Трафалгар во Лондон добива божиќно дрво како подарок од Норвешка. Ова е знак на благодарност за помошта на Англија за време на Втората светска војна. Повеќето од подарените дрва се стари преку 60 години, што значи дека растеле за време на Втората светска војна.rnrnНајубавите новогодишни елки ширум светотrn

4. Галери Лафајет, Париз, Франција

rnВо луксузната стоковна куќа во Париз, секоја година се поставува масивна елка која личи како огромно чудовиште кое го запоседнало местото. Оваа година за декорацијата на елката се погрижил американскиот уметник Пол Мекарти, кој бил критикуван бидејќи дрвото изгледало како секс-играчка. Елката подоцна била уништена од вандали.rnrnНајубавите новогодишни елки ширум светотrn

5. Бранденбуршка порта, Берлин, Германија

rnПостои голема иронија во поставувањето на ова прекрасно новогодишно дрво пред познатата Бранденбуршка порта во Берлин. Иако божиќното дрво е симбол на добрината кон луѓето, Бранденбуршката порта во Берлин некогаш била користена за разни церемонии на нацистите.rnrnНајубавите новогодишни елки ширум светотrn

6. Божиќната елка од лего коцки во Лондон, Англија

rnОваа интересна елка е поставена на познатата железничка станица Свети Панкрас во Лондон. Кога ќе помислите да се пожалите што ќе мора да ги спакувате сите украси од вашата елка на крајот на сезоната, само помислете како им е на оние кои ја склопувале, а треба и да ја расклопат оваа елка.rnrnНајубавите новогодишни елки ширум светот Најубавите новогодишни елки ширум светотrn

7. Плоштадот Св. Петар во Ватикан

rnБожиќ е свет празник, а тоа секако мора да се почувствува во Ватикан. Со таа цел, плоштадот Св. Петар го краси масивно осветлено божиќно дрво, подарок од германската држава Баварија.rnrnНајубавите новогодишни елки ширум светотrn

8. Монте Ингино, Губио, Италија

rnПланината Ингино над градот Губио ја осветлува не едно, туку повеќе дрва кои заедно даваат форма на голема новогодишна елка. Импресивно, нели? Но, тоа не е сè. Командата за осветлување на оваа елка ја дава папата и тоа со помош на таблет. Што да се прави кога технологијата напреднала толку.rnrnНајубавите новогодишни елки ширум светотrn

9. Божиќното дрво во Вашингтон, САД

rnЗамислете само како му е на претседателот на САД. Покрај сите стресни обврски, треба да се грижи и за големото новогодишно дрво во Вашингтон. Уште од времето на Френклин Рузвелт, претседателот на САД е главен во церемонијата на официјалното претставување на дрвото секоја година.rnrnНајубавите новогодишни елки ширум светотrn

10. Кор Делејн, Ајдахо, САД

rnОва дрво покрај реката Кор Делејн не е центар на внимание само за време на новогодишните и божиќните празници, туку преку целата година. Станува збор за огромно дрво кое се декорира за време на празниците.rnrnНајубавите новогодишни елки ширум светотrn

11. Федеративниот плоштад, Мелбурн, Австралија

rnБожиќ во Австралија е малку поразличен… или многу. Температурата во ова време од годината може да достигне дури до 40˚C, па проценете сами. Но, ова не е пречка за прекрасното божиќно дрво да се издигне на плоштадот, збунувајќи ги децата кои гледаат симбол на снежен Божиќ кога надвор сè се топи од жештината.rnrnНајубавите новогодишни елки ширум светотrn

12. Пуерта де Сол, Мадрид, Шпанија

rnИако можеби не ви изгледа така, божиќното дрво во Мадрид не е вистинско дрво туку скулптура направена од метал и стакло.rnrnНајубавите новогодишни елки ширум светотrn

13. Плоштадот Сиам, Бангкок, Тајланд

rnИако луѓето од Тајланд не доживуваат снежен Божиќ, имаат огромно божиќно дрво на влезот на познатиот трговски центар Central World.rnrnНајубавите новогодишни елки ширум светотrn

14. Плоштадот Комерцио, Лисабон, Португалија

rnОваа елка е најголемата во Европа. Нејзината висина може да варира зависно од дозволената граница, а цврсто се потпира на метал. Импресивно, нели?rnrnНајубавите новогодишни елки ширум светотrn

15. Божиќното дрво во Мурано, Италија

rnУште од 1291, Мурано е познат како центар за изработување на најфиното стакло. Правењето новогодишна елка од она по што овој дел од Италија е најпознат е одлична идеја.rnrnНајубавите новогодишни елки ширум светотrn

16. Emirates PalaceHotel, Абу Даби

rnЛуксузниот хотел со 7 ѕвезди на Емиратите е достоен за ваква елка. Ако некој се обиде да украде макар дел од украсите на оваа елка ќе се соочи со затворска казна. Дрвото е декорирано со скапоцени украси вредни над 11 милиони долари.rnrnНајубавите новогодишни елки ширум светотrn

17. Божиќниот пазар во Дортмунд, Германија

rnОваа елка е всушност направена од 1.700 мали борчиња кои се издигнуваат околу 45 метри во висина.rnrnНајубавите новогодишни елки ширум светот Најубавите новогодишни елки ширум светотrnrn rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.