Верувале или не во хороскоп, сигурно ќе се согласите дека денот на раѓањето и тоа како влијае на вашиот карактер. И секојпат кога ќе запознаете некого и ќе дознаете што е во хороскоп, гарантираме дека сте помислиле барем на една особина која е својствена за тој хороскопски знак. Сепак, хороскопот не го одредува само нашиот карактер, туку со него можеме да се водиме и кога е во прашање модата. Еве кои улични модни комбинации се препорачуваат за вас во согласност со вашиот хороскопски знак.rnrn
rnrnОвните сакаат да привлекуваат внимание со своите необични и ефективни комбинации, односно немојте да се плашите да облечете нешто екстравагантно како ова долго „перјесто“ здолниште. Заедно со едноставна кошула, оваа комбинација е полн погодок, а никако немојте да заборавите и на аксесоарите.rnrn
rnrnБиковите сакаат спој на неспојливото, па со задоволство ќе си поиграат со стиловите и принтовите. За вас е совршено да носите дуксер и не толку спортско здолниште во занимливи шари. Чанта во некоја сосема друга шара која не одговара со ништо останато? Зошто да не?rnrn
rnrnБлизнаците најпрво ќе се одлучат за формални, „проверени“ комбинации со кои знаат дека нема да погрешат, но сепак и на таквиот стил ќе му дадат личен печат преку изборот на занимливи и впечатливи детали, без разлика дали станува збор за накит или некој принт на самата облека.rnrn
rnrnРаковите секогаш ќе изберат женствена, сведена комбинација која зрачи со стил и елеганција. За вас одличен избор е еднобојниот фустан со едноставен крој кој ќе го освежите со едноставна марама, чанта или друг детаљ.rnrn
rnrn
Пронајдете ја соодветната улична модна комбинација во согласност со вашиот хороскопски знак
