Ова се типови мажи од кои треба да бегате
Некој од нив може да ве освои на прв поглед, но кога малку подобро ќе го запознаете, сфаќате дека не е таков како што го замислувавте. За да не губите време со него, пробајте да откриете што навистина се крие под неговата маска. Ова се типови мажи од кои треба да бегате.
1. Контролор
Прв впечаток: Mу се восхитувате, бидејќи е силен и ви помага
Предупредувачки сигнали:
- Чувствува недоверба спрема луѓето кои не се под негова контрола
- Ако не може да ги коментира вашите приватни разговори, планови и имејл пораки, тоа го депримира и нервира
- Мисли дека без негова помош нема да успеете во животот
- Ги преиспитува вашите одлуки
- Еден или обата родители му се доминантни
- Постојано нуди предлози и совети
- Се лути ако не го послушате неговиот совет
- Се вознемирува ако вие изгледате поубаво од него
- Горд е на својата тврдоглавост и нефлексибилност
2. Сценарист
Прв впечаток: На првиот состанок ви кажува дека бившата го лажела
Предупредувачки сигнали:
- Мисли дека ве познава подобро отколку што вие се знаете самите себе
- Постојано ве обвинува дека не сте покрај него кога му требате и дека му сокривате некои ствари
- Ги проектира неговите идеи на вас
3. Невидлив
Прв впечаток: Тој е тивок е и срамежлив, а вие се чувствувате гордо бидејќи сте успеале да го извлечете од неговиот оклоп
Предупредувачки сигнали:
- Емотивно е ограничен, хобијата го интересираат повеќе од жените
- Ги избегнува караниците и конфликтите, но и страста
- Му недостига внимание, понекогаш додека е со вас со мислите одлетува на друго место
- Ретко учествува и придонесува за успехот на нештата, па таков е и во врските
- Повеќето разговори со него не водат никаде
- Сексуално е незаинтересиран и одбива да зборува за тоа
4. Безгрешен
Прв впечаток: Мисли дека вреди повеќе од другите
Предупредувачки сигнали:
- Не презема одговорност за своите дела
- Вашата врска се врти околу него
- Склон e кон морализирање
- Се лути кога зборувате за заедничка иднина
- Ако е повреден, ќе возврати со суровост
5. Детинест
Прв впечаток: Забавен е и носи изненадувања, а вие се заљубувате во него бидејќи му требате
Предупредувачки сигнали:
- Алергичен е на одговорност, критика и емотивно созревање
- Верува дека во врската може да напредува без труд и вложување
- Вие давате, а тој прима
- Верува дека вам ви е лесно во животот
- Негова омилена фраза е: Зар мојата љубов не ти е доволна?
- Често флертува, па има голема шанса и да ве изневерува
6. Маж кој нема ниту една книга во станот
Не мора да има цела библиотека, но би било добро да најдете некоја книга во неговиот стан како знак дека нешто прочитал во неговиот живот. Спортски весници, машки магазини и ливчињата од обложувалница не се важат.
7. Маж кој има закаченo слика од самиот себе
Знак дека е нарцис. Мажот кој мисли дека е центар на светот, сака и другите тоа да го мислат за него.
8. Маж на кој му е најважно што е фан на некој клуб
Океј е да има омилен тим, ама да се биде екстремен фан е загрижувачка особина. Идентитет кој се базира претежно на оваа карактеристика покажува дека и не е баш најбистар и дека не се има изградено како цврста личност.
9. Маж кој не прифаќа шега на своја сметка
Жените сакат мажи кои имаат добра смисла за хумор. Од мажите кои не сакат шеги полоши се само оние кои не прифаќаат шеги на своја сметка.
10. Маж кој се средува повеќе од вас
Добро е мажот да води сметка за својот изглед, но треба да има граница. Претераното дотерување е сигурен знак дека тој е суетен.
11. Маж кој го гледате само во доцните вечерни часови
Немојте да се залажувате дека сте во врска. Ако тој не може да одвои малку време за вас и кога надвор свети сонце, тогаш за него сето тоа е само уште една авантура.
12. Маж кој емотивно ги прифаќа политичките избори
Тргнете се од мажи кои и после неколку месеци од гласањето сè уште не можат да ги прифатат резултатите. Овде не станува збор само за политика, туку за недостаток на рационалност. Изборите се само една ситуација каде што тој не може да ги контролира емоциите.
13. Маж кој не ја кажува вистината
Убав е и сладок, духовит и постојано ви кажува дека никогаш ве нема излажано, но спротивното многу лесно може да го докажете. Лажењето е намерен чин. Романтична врска никогаш не се издига на лаги.
14. Маж кој претерано внимава на својата исхрана
Мажот кој сака да се храни здраво не прави ништо лошо. Но едно е да се храните здраво, а друго е да ригорозно и опсесивно да го контролирате секој оброк.
15. Маж со синдром на Петар Пан
Внимавајте неговите години да одговараат на неговата емотивна зрелост. Немојте да прифатите да бидете Венди на маж кој не сака да порасне.
16. Маж кој е зависен од друштвени мрежи
Доколку не може да функционира без Фесбук или Твитер, не впуштајте се во врска. Пишување статуси за време на ручекот или сликање на секоја храна која ја јаде не е добар знак. Ако се поти додека му е празна батеријата на телефонот, оставете го да живее во својот виртуелен свет.
17. Маж кој има мистериозни пријатели и не сака да ве запознае со нив
Зад таинственото однесување сигурно се крие знак дека тој крие нешто важно од вас.
18. Маж кој е заробен во времето
Супер е да сте во врска со забавно и ексцентрично момче додека студирате. Но ако се однесува исто и после дипломирањето, тогаш оставете го да си ужива сам во својата различност.
19. Маж кој има оружје
Маж со оружје, но без униформа. Погрешна комбинација и добра причина да ја затворите вратата на заминување.
20. Маж кој е ист како вашиот татко
Ако почне да ги решава вашите проблеми од детството, раскинете со него и побарајте психолог.
21. Маж кој нема ниту малку одговорност
Ако се плашите како тој ќе се однесува секојпат кога ќе одите на некоја забава, тоа е знак дека треба да го исфрлите од вашиот живот. Не треба да бидете нечија дадилка и постојано да се извинувате за нечие лошо однесување.
22. Маж со кој претходно сте биле во врска
Многу се враќаат на бившите и на старата љубов и дават втора шанса, но тоа ретко успева.
23. Маж кој бил во врска со вашата пријателка
Никогаш не прифаќајте врска со него. Нема врска тоа што тој и вашата пријателка не се повеќе заедно, ниту тоа што тој ви вели дека нивното заедничко минато не би требало да ви претставува проблем. Совладајте ги своите емоции и бегајте од овој маж кој може да ви донесе само незгоди.
24. Маж кој е оженет
Врската со овој маж нема да донесе ништо добро, само спротивното, ќе си создадете милион проблеми.