Автор: Сара Турановиќ
Дали понекогаш сте се запрашале каков впечаток им оставате на домаќините кај кои сте биле на гости? Дали тие ви се радуваат кога ќе им се најавите дека доаѓате или пак бараат изговори за да не ги посетите? Решете го овој краток и забавен тест и дознајте.
rn
1.Кога вашите пријатели ќе ве поканат на вечера, што најчесто им носите на домаќините?
rnа) Шише вино за него и букет за неаrnб) Кафе и грицкиrnв) Ништо, моето присуство е сосема доволноrn
2. Поканети сте да престојувате неколку дена кај брачен пар, ваши стари пријатели. Но тие одеднаш почнуваат жестоко да се караат пред вас! Како ќе постапите?
rnа) Ги смирувате и пробувате да разговарате со нивrnб) Одите на прошетка или пак се повлекувате во својата соба и чекате да помине „бурата“rnв) Го вклучувате телевизорот и го повишувате тонот за да не помислат дека ги прислушуватеrn
3. Вашиот најдобар другар се пресели во друг град и оттогаш се немате видено. Се ближи неговиот роденден и вие планирате да го изненадите. Каков е вашиот план?
rnа) Ќе му се јавите неколку дена пред да тргнете и ќе се договорите за време и место каде да се најдетеrnб) Ќе му се јавите на денот кога ќе пристигнете и ќе го замолите да ве пречека на автобуската станицаrnв) Ќе се појавите на неговата врата, ќе заѕвоните и весело ќе извикате: Изненадување!!!rn
4. На вечера сте кај пријател. Неговата жена го направила вашето омилено јадење, а вие сте гладни како волк. Што ќе направите?
rnа) Ќе ставите малку и ќе уживате во секој залакrnб) Ќе земете повторно, ако и другите се послужатrnв) Ќе ја наполнете својата чинија до горе, не водејќи смета за останатитеrn
5. Цела недела сте на гости кај свои роднини. Вечерта пред да заминете…
rnа) Ги носите во близок ресторан, во знак на благодарностrnб) Им купувате гајба пиво и им се заблагодарувате на гостопримствотоrnв) Ќе им се јавите да им заблагодарите откако ќе се вратите домаrn
6. Вашите далечни роднини имаат прекрасна вила во Италија. Бидејќи знаат дека одамна сакате да ја посетите оваа земја тие ве покануваат на гости. Што ќе направите?
rnа) Ги посетувате на неколку дена, а останатите денови од годишниот одмор ќе ги поминете во самостојна обиколка околу државатаrnб) Ќе ја прифатите нивната покана, но ќе се потрудите да не ги оптоварувате многуrnв) Ќе се трудите да поминувате повеќе време со нивrn
7. Кога си заминувате од гости од кај вашите пријатели вие задолжително…
rnа) Им се заблагодарувате на гостопримството и ги поканувате следниот пат тие да бидат ваши гостиrnб) Им помагате да го средат нередот што го направиле останатите гостиrnв) Ја пофалувате храната која ја направила домаќинкатаrn
8. Годишниот одмор го поминувате во близина на градот каде што живее вашиот стар пријател. Успеавте да стапите во контакт и тој ве поканува еден викенд да бидете негов гостин. Но, времето на сеќавање на старите денови брзо поминало, па кога дошло време да се разделите вие одлучивте…
rnа) Да се држите до првобитниот план, колку и тешка да ви паднала разделбатаrnб) Доколку и тој се согласува, го продолжувате својот престојrnв) Едноставно останувате уште еден денrn
9. На вечера сте кај познаник. Еден од гостите започнува интересна, но контроверзна тема за разговор
rnа) Не сакате да разговарате, се повлекувате и слушатеrnб) Му давате знак со главата дека се сложувате со него, но суптилно преминувате на друга интересна и помалку контроверзна темаrnв) Со задоволство се впуштате во темата, бидејќи сметате дека е интереснаrn
10. Колешката со која работите се преселила во нов стан и организира журка. Денот на самата забава ви се јавува и вели дека нејзиниот нов дом сè уште не е спремен за прием на гости
rnа) Ѝ предложувате да ја откаже забаватаrnб) Ѝ ја нудите својата помошrnв) Ѝ велите да не се возбудува и дека сѐ ќе биде добро
rn
Најмногу одговори под А – Многу очекувате и хировити сте:
rnКога сте кај некого на гости се однесувате како со вашето присуство да му правите голема чест. Дали сте помислиле дека луѓето кај кои сте биле нестрпливо ги броеле часовите или деновите додека не си заминете. Доколку сакате да ве поканат или пак планирате да ги посетите роднините и пријателите во текот на претстојните празници, обновете ги правилата на добро однесување: на домаќините купете им симболични поклони, не се однесувајте како разгалена холивудска ѕвезда и не очекувајте да ги исполнат сите ваши желби, не оставајте неред зад себе и не останувајте подолго од планираното. А кога ќе заминувате, задолжително заблагодарете им се на гостопримството. Уште нешто, зар не мислите дека е време и вие да поканите некого кај вас?rn
Најмногу одговори под Б – Секогаш сте добредојдени:
rnСите ваши пријатели сакаат да ги посетите бидејќи не заповедате многу, секогаш сте спремни да помогнете и околу вас ширите позитивна енергија. Во вашето друштво секој се чувствува пријатно. Никогаш не заборавате на домаќините да им се заблагодарите со некој подарок – шише вино, букет или подарок за нивните деца. Свесни сте дека домаќините имаат и други обврски, па не им одземате многу од нивното време. Никогаш не останувате долго, било да станува збор за вечера, седенка или престој на село. Никогаш не ви се случило да не го вратите гостопримството, и гостите да ги послужите во најдобар ред. Едно е сигурно, домаќините се тажни кога вие заминувате, но бидете сигурни дека наскоро повторно ќе ве поканат.rn
Најмногу одговори под В – Повторете ги добрите манири:
rnИако вашите пријатели ве покануваат на вечера, вие често заборавате на убавите манири и се однесувате како да сте единствен гостин таму. Вистина е дека вие сте духовита личност која ја подига атмосферата, но зарем не мислите дека понекогаш е добро и вие да ги повикате кај вас? Исто така, не очекувајте од вашите пријатели и роднини дека додека сте вие таму ќе ги одложат сите свои обврски и секаде ќе ве носат за рака. Можете сами да прошетате низ градот, по музеите или пак да ги исчистите бањата и спалната соба кои тие толку великодушно ви ја отстапиле.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

