Бојадисување на коренот, осветлување, затемнување… Има различни начини на кои можеме да ја смениме природната боја на косата. Но, зарем досега не ви здодеа посетата на фризерските салони? Голем дел од жените дури не ја паметат природната боја на својата коса, но дали некогаш сте се прашале што би се случило доколку престанете да нанесувате разни тонови и ја оставите косата природна, онаква каква што ви била кога сте биле мало девојче?rnrn
rn
1. Можете да заштедите пари
rnБез оглед дали чинот на бојадисување го правите сами во домашната бања пред огледало или редовно го посетувате луксузниот салон на вашиот стилист, бојадисувањето помалку или повеќе, чини пари. Доколку одлучите да се вратите на вашата природна боја на косата, секако ќе заштедите некој денар.rn
2. Вашата коса ќе изгледа поздрава
rnИако бојадисувањето на косата и сите различни техники се усовршени и секојдневно одат нанапред, сепак оставаат одредена трага. Паузата од редовното нанесување различни хемикалии, ќе ја релаксира косата и ќе ја врати во првобитната состојба, а ефектот ќе биде уште поголем доколку ги отстраните и оштетените врвови.rnrn
rn
3. Но, можеби ќе биде потешка за обликување
rnОва особено е проблем за оние кои имаат природно права коса. Здравите, нетретирани прамени се помазни и посвиленкасти, што е добра работа, додека не дојде момент да ја уредите во некаква лежерна фризура, која бара да се направи плетенка или лесни брановидни форми.rn
4. Влакното на косата може да изгледа потенко
rnГолем број девојки и жени доаѓаат до ефект на погуста коса токму преку бојадисувањето. Добри стилисти умеат преку комбинација на различни бои да направат вашата коса да изгледа многу поквалитетна и погуста од нејзиното природно издание. Со бојадисувањето многу често се добива волумен и цврстина на влакното.rnrn
rn
5. Ќе треба да воведете нов начин на одржување на косата
rnМожеби мислите дека ќе ви требаат помалку производи за одржување на вашата коса која има природен пигмент, но немојте да се изненадите доколку одеднаш се соочите со потребата од различни спрејови, восоци и пени за да ја наместите косата и да ја постигнете фризурата што сте ја носеле претходно.rn
6. И, можно е да ви стане здодевно
rnПовеќето девојки и жени, освен за да изгледаат убаво, косата ја бојадисуваат и за да ја искажат својата индивидуалност и стил. Иако, враќањето на природната боја има свои предности, секако можете да се соочите и со здодевност. Едноставно кога ќе се погледнете во огледало ќе ви недостасува нешто поинакво. Секако, во тој случај не мора веднаш да се фатите за кутиите со бои, може да размислите и за ново потстрижување, но сепак одлуката е ваша.