Успешно заврши проектот „е-Engagement“ за усовршување на дигиталните вештини на младите луѓе

Сподели

Во организација на НВО „Младински сојуз”, а со поддршка на фондацијата е-Македонија, се одржаа едукативни работилници во Куманово, Струга, Штип и Кавадарци.

Реклама

Од 21 до 23 ноември, како дел од проектот „e-Engagement“, во Прилеп се одржа завршна конференција на која учествуваа најмотивираните и најактивните учесници од едукативните работилници кои се одржаа изминатиот период во Куманово, Струга, Штип и Кавадарци.rnПроектот е организиран од страна на „Младински Сојуз“, а со поддршка на фондацијата е-Македонија на Македонски Телеком.

Овој едукативен караван имаше за цел да ги мотивира младите да развијат вештини и поефективно да се вклучат со дигиталното општество.rn
rn

„Преку овој проект се обидовме да ги охрабриме младите да ги користат дигиталните алатки во насока на себеусовршување, а потоа и во насока на градење позитивни промени во општеството преку нивна употреба“ – изјави Маријана Јанческа, прв проектен асистент на проектот „e-Engagement“.

rnНа конференцијата, на која учествуваа 50 млади лидери се дискутираше за поефективно електронско учество, а беа презентирани и неколку успешно спроведени акции во Македонија преку социјалните мрежи.rn
rn

„Наша цел како фондација е поефективно вклучување на младите во е-заедницата, а преку проектот „е-Engagement“ го постигнавме токму тоа. Интересот и посетеноста на работилниците јасно покажаа дека има и тоа каква потреба за мотивирање но и усовршување на младите за подобро користење на дигиталните медиуми што ќе им помогне подобро да се интегрираат, да реагираат и да се вклопат во општеството“ – изјави Радмила Јончевска, директор на фондацијата е-Македонија на Македонски Телеком.

rnПроектот „е-Engagement“ опфати 5 градови низ Македонија, а учество земаа над 200 млади луѓе.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

Популарно

Може ќе ве интересира