Претходно
Шотови од млеко и колачиња
Изненадете ги вашите најмили со овој вкусен и забавен десерт
Потребни состојки:
- 220 грама маргарин (или растително масло во цврста состојба)
- 65 грама шеќер
- 100 грама кафен шеќер
- 1 голема жолчка од јајце
- 2 лажички екстракт од ванила
- 200 грама сенаменско брашно (просејано)
- ½ лажичка сол
- 180 грама чоколаден чипс
- 2 чоколади за готвење
- 350 мл млеко
- 1 ½ дополнителна лажичка екстракт од ванила
Начин на подготовка:
- Загрејте ја рерната на 180 степени и премачкајте ги калапите за колачињата со масло.
- Во голем сад, измешајте ги заедно маргаринот, обичниот и кафениот шеќер. Додадете ги жолчката и екстрактот од ванила и потоа мешајте сè додека тие целосно не се соединат. Полека додадете ги брашното и солта и мешајте додека повторно не се соединат сите состојки. Додадете го чоколадниот чипс и распределете го подеднакво низ целата мешавина. Тестото во овој момент би требало да биде малку кршливо.
- Формирајте ги „чашките“ од колачиња во калапот, така да што ќе ги направите нивните ѕидови со ширина од околу 6-7 милиметри. Оставете ги да се оладат од 20 до 30 минути пред да ги ставите во рерната.
- Печете околу 20 минути или сè додека колачињата не добијат кафена боја. Потоа тргнете ги од рерната и оставете ги целосно да се оладат.
- Стопете ги чоколадата за готвење и полека сипете ја растопената смеса по ѕидовите на секое колаче. Оставете го неколку минути да се олади. За крај, измешајте го екстрактот од ванила со млекото и сервирајте го во внатрешноста на секое колаче – шотче.