КАФЕ ПАУЗА

Начинот на кој сеќавањата генетски се пренесуваат од една генерација на друга

Начинот на кој сеќавањата генетски се пренесуваат од една генерација на друга

Една нова студија покажала како стресните сеќавања можат да се пренесат преку клетките, од една генерација на друга, односно од мајката на ќерката. Во ова истражување со глувци се покажало дека застрашувачките сеќавања за мирис можат да бидат пренесени од родителот врз детето, дури и во оние ситуации кога детето немало никаков контакт со таа миризба.rnrnНачинот на кој сеќавањата генетски се пренесуваат од една генерација на другаrnrnПроцесот кој е наречен епигенетика не значи дека самите гени се менуваат под влијание на стресни настани, туку дека постои разлики во начинот на кој тие гени се изразуваат. Оваа студија која била објавена во престижниот журнал „Наука“, овозможува докази за контроверзната теорија дека сеќавањата можат да бидат пренесени преку генетскиот код.rnrnМногу научници сè уште се скептични за студиите поврзани со епигенетиката, бидејќи не постојат цврсти докази за постоењето на овој механизам. Но, професорката Сузан Строум, биолог на Универзитетот во Калифорнија која ја водела оваа студија вели:rn
rn

„Одамна постои дебата за пренесување на меморијата преку поделбата на клетките и низ генерациите и ние конечно покажавме дека таа постои. Во студиите во кои е документирано епигенетското наследување од родител на дете, не е јасно што точно се пренесува и сфаќањето на молекуларно ниво е премногу комплицирано. Ние имаме специфичен пример за епигенетска меморија која се пренесува и можеме да го забележиме тоа преку микроскоп. Тоа е само еден дел од загатката.“

rn rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.