Велат дека човек може да се прочита од лицето. Многу научници долго време биле заинтригирани за ова верување, па се обиделе научно да докажат дали навистина може од човечкото лице да се прочита кој каков е.rnrn
rnrnПри крајот на минатата година е завршено истражување во врска со поврзаноста помеѓу интелигенцијата и цртите на лицето (поточно морфологијата) од кое резултатите се неодамна објавени. Го работеле чешки психолози и филозофи на чело со Карл Клеиснер, а накратко ова се резултатите:rnrnМажите можете да ги процените како интелигентни или не според цртите на лицето. Кога се работи за жените, научниците потврдиле дека лицето не ја открива интелигенцијата. Поточно, ја открива, но набљудувачот не може да ја процени бидејќи предност има привлечноста – попривлечните жени се доживуваат како поинтелигентни, што сепак не е правило.rnrnПравилото е дека поинтелигентни мажи и жени се оние кои имаат тесно лице, мала брада и подолг и поголем нос. Спротивно, големата брада и малиот нос говорат за понизок коефициент на интелигенција.rnrnОвие три фотографии и скици говорат за стандардите за ниско, средно и високо ниво на интелигенција кај мажите и кај жените.rnrn
rnrnИстражувањето покажало дека привлечноста значајно влијае на впечатокот дали е личноста интелигентна или не, иако според овие истражувачи тоа е само последица на ефектот на ореол (кога луѓето ги проценуваме врз основа на првиот впечаток).rnrnУште еден интересен заклучок е дека насмеаните лица за набљудувачите делуваат поинтелигентно, додека намрштените како неинтелигентни. Исто е и со довербата – луѓето повеќе им веруваат на насмеани лица. Затоа, ако сакате да октавите впечаток на интелигентна личност, смејте се, велат Карл Клеиснер и соработниците.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.