Гранд кафе ги додели првите четири награди од по 50.000 денари

Сподели

Во тек е големата наградна игра на Гранд Голд и Гранд Арома „Отвори и кеш освој!“ и веќе се доделени првите 50.000 денари на четворица љубители на ова кафе.

Реклама

Во просториите на Гранд кафе им беа врачени чековите на првите среќници. Нивната радост и задоволство беа очигледни и вредни за да се направи една заедничка фотографија која ќе ги овековечи овие љубители на Гранд кафето.

rn

„Чест ни е што со нас ги имаме нашите први добитници на парични награди: Сања Ѓушева Ангелески од Скопје,  Љубица Ташковска од Скопје, Ивица Манов од Кочани и Лорета Манчева од Струмица. Добитните пакувања на Гранд Голд или Гранд Арома кафе им донесоа по 50 000 денари. Но, ова е само почеток на нашата наградна игра, продолжуваме понатаму да ги радуваме нашите ценети потрошувачи“,  изјавија од Гранд кафе.

Реклама

rnДобитниците имаа можност да ги разгледаат производствените линии на нивното омилено кафе и не само да уживаат во неговата арома туку и лично да се убедат во високите стандарди по кои тоа се произведува и пакува. Вработените во Гранд кафе со задоволство ги прошетаа низ ова магично и ароматично место споделувајќи со нив пријатен и топол разговор.

Во наградната игра која ќе трае до 31 јануари 2018 година Гранд кафе ќе израдува 3.033 корисници со вредни парични и трговски награди, а тројца најсреќни љубители на Гранд кафето ќе освојат дури пола милион денари.

Повеќе информации околу извлекувањата и добитниците можете да добиете на Фејсбук страницата https://www.facebook.com/grandkafa.

Реклама

Затоа побрзајте и внимателно отворајте ги ќесичките на Гранд Голд и Гранд Арома бидејќи можеби токму вие сте среќниот добитник.

Најново

Може ќе ве интересира