Домашни маски од портокал за нега на коса и кожа

Сподели

По најголемите козметички и здравствени придобивки на портокалите, следуваат неколку нивни практични примени односно природни, домашни маски за нега на вашата кожа и коса, кои можете да ги подготвите уште веднаш. Па, да почнеме!rn

Реклама

Маска од кора од портокал за сјајна и чиста кожа

rnОваа домашна маска го спречува појавувањето на акни и кожата ја прави чиста и сјајна. Дополнително дејство дава медот, кој има антивоспалителни и антибактериски својства, како и јогуртот, кој е богат со алфа хидроксилна киселина, поттикнувајќи го создавањето на колаген и ексфолацијата.rn

Потребни состојки:

rn

    rn011

  • Кора од 3 портокали
  • rn011

  • 2 лажици јогурт
  • rn011

  • 1 лажица мед
  • rn011

  • Блендер
  • rn

rn

Начин на подготовка:

rnИзлупете ги портокалите и корите поделете ги на мали парчиња. Измијте ги и потоа оставете ги на сонце да се исушат во рок од три дена. Кога веќе ќе се суви, ставете ги во блендер и мешајте сè додека не добиете смеса во прав.

Добиената смеса ставете ја во сад и додадете ги медот и јогуртот. Убаво измешајте и маската е готова! Нанесете ја на лицето и оставете да делува 25 минути. Исплакнете со млака вода.rn

Сок од портокал за здрава и сјајна коса

rnСокот од портокали е одличен за ревитализација и опоравување на оштетената коса. Витамините Б, Б12, Е, кои се наоѓаат во портокалот, заедно со медот и маслиновото масло, ќе ја дадат потребната свежина, влажност и антиоксиданси за убавината на вашиот скалп и коса.rn

Потребни состојки:

rn

    rn011

  • 1 портокал
  • rn011

  • 1 лимон
  • rn011

  • 1 лажица мед
  • rn011

  • 1 лажица маслиново масло
  • rn

rn

Начин на подготовка:

rnИсцедете го сокот од лимонот и портокалот. Доколку немате соковник, направете го тоа со помош на цедалче, затоа што не сакате да има остатоци од пулпа. Во добиениот сок, ставете ги медот и маслиновото масло. Убаво промешајте.

Маската е готова. Нанесете ја на косата и масирајте, особено во пределот на скалпот. Оставете да делува еден час и потоа измијте ја косата на вообичаениот начин.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

Популарно

Може ќе ве интересира