Од обилно крварење до надуеност, грчеви и промени во расположението, менструацијата навистина може да ви предизвикува сериозни проблеми секој месец. Но, за среќа, постои решение што дава надеж дека некои работи можат да се променат. Станува збор за додатоци во исхраната кои помагаат при надуеност, промени во расположението и грчеви. Пред да започнете да ги земате самостојно, консултирајте се со вашиот лекар.rnrn
rn
1. Магнезиум
rnАко грчевите ви се најголемиот непријател за време на менструацијата, магнезиумот може да ви помогне со нив. Некои гинеколошки истражувања од 2017 година откриле дека овој минерал помага при мигрена и при менструална болка, а одредени видови магнезиум овозможуваат поквалитетен сон, што може да ви помогне за време на менструацијата.rn
2. Омега-3 масни киселини
rnМожете да ги најдете кај рибите и кај јаткастите плодови и тие имаат многубројни здравствени придобивки, од намалување на проблемите со срцето до намален ризик од појава на рак на градите. Освен тоа, омега-3 масните киселини може да ги олеснат симптомите за време на вашата менструација. Тие ги намалуваат болките, грчевите и непријатноста за време на менструацијата.rn
3. Коноплика
rnКонопликата е мало, медицински многу моќно растение кое им помага на жените да ги надминат природните хормонални состојби, како што се менструалните нарушувања, симптомите на ПМС, менопаузата и враќањето на хормоналната рамнотежа. Конопликата помага во регулирањето на менструалниот циклус и ги намалува симптомите на ПМС како што се грчеви, напнатост, нервоза, болка во градите и сл. Покрај симптомите на ПМС, конопликата се користи и за ублажување на симптомите на менопауза.rn
4. Ѓумбир
rnАко имате обилно крварење, ѓумбирот може да ви помогне да се намали крварењето. Ѓумбирот во прав драстично го намалува крварењето за време на менструацијата и делумно помага при намалување на грчевите.rn
5. Гинко
rnОва дрво има лисја што се богати со антиоксиданти кои можат да помогнат во намалување на воспалението, во зајакнување на циркулацијата и во ублажување на вознемиреноста. Иако научниците сè уште ги испитуваат својствата што ги има ова растение, се смета дека најверојатно може да помогне и при менструацијата. Имено, докажано е дека постои ублажување на симптомите на ПМС кај жените кои консумирале гинко, но сè уште се прават тестирања.rnrnПрочитајте кои 6 грешки ги повторуваат речиси сите девојки за време на менструацијата.