Секоја година станува сѐ потешко и потешко да се одбере подарок за партнерот нели? Колку добро и да се познавате и колку и да се сакате, избирањето подарок е секогаш една од најспецифичните работи. Подарокот мора да биде совршен, а дали ќе му/ѝ се допадне, што му/ѝ е потребно и што сака се само мал дел од прашањата кои си ги поставуваме кога не ни доаѓа ама баш никаква идеја на памет. А бидејќи креативноста и хуморот во комбинација се секогаш најдоброто решение, можеби следниве неколку идеи ќе ви се најдат инспиративни.rn
1. Навлака за перница со интересен натпис
rn МОЈА – твојаrn
2. Слика со смешна фраза
rn Сакам чудациrn
3. Албум за слики со порака
rn Ќе стане носталгично внатреrn
4. Тетратка за спомени
rn Зошто си толку импресивен/на: до/одrn
5. Шолја за кафе со откачена порака
rn Прилично сум сигурен/на дека се забавувавмеrn
6. Перница со забавно-саркастичен натпис
rn Во право сиrn
7. Дрвена декоративна слика со сладок натпис
rn Те сакам како што дебело дете сака тортаrn
8. Коцка за донесување тешки одлуки
rn Направи го/Побарај дозвола/Јас честамrn
9. Сет прибор со смешни, но заводливи мисли
rn Мазењето води кон —-> секс
Единствениот и од срце подарок е секогаш оној совршениот. Со ваша изработка или, пак, само идеја, подарокот на единствен начин ќе ја изрази вашата љубов. Повод не ви ни треба, а поголемо задоволство од нескротливата насмевка на лицето на вашиот партнер нема да добиете.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


