Градот на љубовта: 10 идеи за романтично патување во Париз

Сподели

Автор: Сања Петровска

Реклама

Романтичен е само една од придавките кои редовно го красат името на оваа преубава европска метропола и главен град на Франција. Дури може да се каже дека зборот романтика е синоним на Париз за кој дефинитивно се искористени сите суперлативи на придавки кои само позитивно ја опишуваат неговата убавина и уникатност. Луѓе од цел свет го посетуваат Париз кој немарно и безобразно ги воодушевува со секој направен чекор низ него, во кое било годишно време и поради која и да е причина што ги одвела таму. Париз ќе ве маѓепса во секоја смисла на зборот, а некои места се створени за романса и љубов.rn

1. Pont des Arts (Мостот на уметноста)

rnМостот над реката Сена, кој нуди еден од најромантичните погледи кои го одземаат здивот и е место каде многу парови заклучуваат катанец кој ја овековечува нивната љубов. Истовремено овозможува неверојатен панорамски поглед врз едни од најголемите знаменитости на Париз како музејот Лувр и катедралата Нотр Дам.

rn

2. Jardins du Trocadéro (Градините на Трокадеро)

rnИ додека сите чекаат во ред за да се искачат на Ајфеловата кула, вие најдете си место во Градините на Трокадеро кои се совршени за да се одморите и уживате во бакнежот и прегратката на вашиот/ата сакан/а. Не изненадувајте се доколку не сте единствениот пар кој ужива на истиот начин во овој преубав парк.

rn

3. Pont-Marie (Мостот Мари)

rnСпоред легендата, желбата која ќе ја замислите под овој мост додека го бакнувате вашиот партнер ќе ви биде остварена. Мостот е познат и како мост на заљубените, а вашата желба може да ја замислите кога ќе се најдете токму под него крстарејќи по реката Сена.

rn

4. Parc des Buttes–Chaumont (Паркот Бут-Шомон)

rnВкусот на неверојатна природа, цвеќиња во сите бои и мириси, зеленило на сите страни, карпи и водопади – поглед кој вреска романтика додека се бакнувате со вашиот/ата сакан/а искачени во колибата од која имате прекрасен поглед кон Париз.

rn

5. Laperouse (Ресторанот Лаперуз)

rnЕден од најромантичните ресторани во Париз кој се наоѓа на брегот на реката Сена. Елеганцијата и комфорот ќе ве воодушеват, а приватните салони за вечера и кадифените каучи ќе ви ја овозможат сета романтика која ви е потребна за да уживате во незаборавна вечер со личноста која ја сакате.

Популарно

Може ќе ве интересира