6. Le mur des je t’aime (Ѕидот Те сакам)
rnЅидот на љубовта е дефинитивно место кое мора да го посетите на ова ваше романтично патување. Илјадници „Те сакам“ испишани на повеќе од 300 различни јазици кои стојат во позадина додека се бакнувате и ѝ изразувате бескрајна љубов на вашата сакана половина.
rn
7. Fontaine Médicis (Фонтаната на Медичи)
rnРомантично бегство во Луксембуршките Градини кое ќе ви ги подари мирот, спокојот и тишината во присуство на саканиот/ата. Фонтаната на Медичи е прекрасен извор на романса.
rn
8. Hôtel de Ville (Отел де Виљ)
rnНа ова место може да го рекреирате познатиот Бакнеж на Тротоарот кој припаѓа во групата виновници кои стојат зад означувањето на Париз како град на љубовта. Најдете си место во кафетеријата на тротоарот точно под буквата „C“ и бакнете се со љубовта на вашиот живот. Овој бакнеж нема никогаш да го заборавите.
rn
9. Musée Carnavalet (Музејот Карнавале)
rnЛегендата зад ова место налага да се бакнете, прегрнете, да си кажете нешто убаво или да направите некој романтичен гест низ ходниците на оваа зграда или во нејзините градини. Векови наназад се направиле најразлични страсни подвизи и се кажале најубави романтични зборови, па сето тоа го прави овој музеј едно од местата кои мора да се посетат.
rn
10. Jardin des Tuileries (Градините на Тулери)
rnОвие градини се место каде паровите низ многуте години уште од далечно минато се среќавале и уживале во пријатната атмосфера која ја нудат. Романтични прошетки кои водат до Елисејските полиња, бакнежи во убавата природа и држење за раце – денот не може да биде поромантичен.
Овие предлози се само дел од малиот милион места кои го прават Париз совршен избор за романтично патување од соништата. Сосема сигурно ќе сакате повторно да се вратите и да уживате во неверојатниот амбиент на париските сокачиња, природата и спокојот на многубројните паркови и чувството на несвесна заљубеност кое само Париз може да го предизвика кај вас.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

