Картички во кои се кријат пораки кои сигурно ќе ви го разубават денот

Картички во кои се кријат пораки кои сигурно ќе ви го разубават денот

Картичките изработени од FINCHandHARE на паметен начин ја измамуваат и изненадуваат личноста која ги добива. На прв поглед, пораката на секоја картичка е премногу навредлива. Но по отворањето, среќниот примател ќе биде и повеќе од пријатно изненаден. Зборовите во секоја од пораките кријат преубави мисли наменети за таа личност кои со сигурност ќе ја расположат и ќе ѝ го разубават денот.

Твојот живот е завршен.

Твојот живот е завршен.

Твојот нов живот тукушто започна. Ова е еден голем настан и љубов која трае засекогаш.

Твојот нов живот тукушто започна. Ова е еден голем настан и една љубов која трае засекогаш. Честитки!

Картичките се со повеќе преклопувања, па мора целосно да се отворат за да се открие вистинската порака која ја носат. FINCHandHARE специјализираат во вакви двосмислени пораки чија единствена цел е да ве насмеат.

Ова претставува многу забавен начин некому да кажете како навистина се чувствувате, да го поканите да ви биде кум или деверица, или пак да честитате роденден, брак или нечие доаѓање на свет. Па доколку сте меѓу оние креативци за кои класичниот пристап е незамислив, со овие слатки двосмислени пораки нема сигурно да погрешите.

Ти си ужасен/на.

Ти си ужасен/на.

Ти си импресивен/на и прекрасен/на.

Ти си импресивен/на и прекрасен/на.

Ти си луда мајка.

Ти си луда мајка.

Ти си толку добра/љубезна и разумна/мудра/смирена/реалистична/избалансирана (сите се синоними на буквалниот превод кои звучат подобро), што некој би требало да е луд за да не сфати дека си добра мајка.

Ти си толку добра и разумна, што некој би требало да е луд за да не сфати дека си одлична мајка.

Може да уринирам по тебе.

Може да се измочам врз тебе.

Може да те натерам да ми го држиш фустанот додека уринирам, да те натерам да ми завршуваш смешно непотребни работи или целосно да те нервирам. Но се надевам дека ќе прифатиш. Ќе ми бидеш ли деверуша?

Може да барам да ми го држиш фустанот додека мочам, да ми завршуваш смешно непотребни работи или целосно да ти одам на нерви. Но се надевам дека ќе прифатиш. Ќе ми бидеш ли деверица?

Убиј ме веднаш.

Убиј ме веднаш.

Добрина, веселба, наречи ме луд/а или бубалица, но сакам што празниците го будат најдоброто кај луѓето.

Добрина, расположение… кажи дека сум луд/а, но обожавам што празниците го будат најдоброто кај луѓето.

Тато, ти стар човеку.

Тато, ти стар човеку.

Тато, ти си најдобриот, јас сум среќен/на што те имам за родител.

Тато, ти си најдобар, јас сум среќен/на што те имам за родител.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран електроинженер по телекомуникации кој во слободно време обожава да пишува. Животен сон ѝ е да го прошета целиот свет уживајќи во добра книга и пријатно друштво. Настојува од секоја ситуација да го извлече најдоброто и не може да замисли денот да ѝ започне без шолја вкусно кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар